За Хезболах

Хезболах

На 14 февруари 2005 силна експлозија го растресе Бејрут, камион во движење уби дваесет и двајца и повреди стотици други, а меѓу мртвите беше и поранешниот Премиер на Либан Рафик ал-Харири. „Западот“, што и да значи тоа, веднаш ја обвини Хизбалах и индиректно Сирија. Во 2006 година, израелски тенкови влегоа во Либан.

Територија под контрола на хизбалах, граници на либан со територијална поделба.
главниот град бејрут со население во пошироки субурбани средини од околу 2 милиони луѓе, а градскиот урбан простор не повеќе од 1,2 милиони.
во бејрут, 40 проценти од населението се христијани, а 50 проценти муслимани, и 10 посто се останатите вери.
за потребите на овој текст, шиитското население во бејрут под контрола на хезболах е сконцентрирано во јужните делови на бејрут.

15 години подоцна, на 4 август 2020, експлозија и детонација на „хирошима“, не е потврдено дека е пренослив нуклеарен апарат ниту има мерења за радијација на терен, затоа што официјалниот кохерентен наратив за светската јавност е дека се работи за случаен пожар којшто детонирал амониум нитрит. Овој пат, повторно обвинение за Хезбалах, но и за Иран. Потоа, тактички упад на израелски тенкови на територијата на Јужен Либан.

Ако се читаат твитовите на Трамп, но не само на Трамп, туку на билокоја амерканска администрација, секогаш кога нешто се случува во Либан, веднаш стигнува осуда дека е вмешана Хизбала, така беше и по детонацијата во пристаништето, како и после одлуката на судот на ОН.

Израелски тенкови често влегуваат во Либан за да ги потиснат герилските групи на Фатах и Хизбалах.
Во периодот по 6 дневната војна од 1967 година, имено, во 1978 во „Операцијата Литани“, израелските сили за одбрана (IDF), ја потиснаа Палестинската ослободителна организација до реката Литани. Во таа акција идејата беше да се оттурне ПОО од границата со Израел и да се зајакне соработката со либанската војска.
По повлекувањето од демаркационата линија на реката Литани по серија на интервенции на Советот за безбеност со резолуции и враќањето на војската во Израел истата година, во 1982 година Израел повторно го окупира Јужен Либан.
Од 1982 година, војната со Хезболах е примарна на северот од Израел, а на југот од Израел војната со Фатах и Хамас.

Cui bono?

Тајната шиитска организација, Хизбалах, којашто ќе се бори против Израел беше формирана во ек на Граѓанската војна во Либан којашто траеше од 1975 до 1990, според календарот на војната – календарски, Хезболах се појави во средина на војната, во 1982 година, од друга страна, самата иницијација на граѓанската војна се случи поради конфликтот помеѓу Израел и Палестинската ослободителна организација на чело во тој момент со Фатах на Јасер Арафат.

Сириската улога во Либан од 1975 година 

Во 1976 година сирискиот претседател Хафез ал-Асад испрати трупи во Либан за да се борат против Палестинската ослободителна организација, на барање на христијанската милиција организирана околу Маронитите. Сирија, исто така се бореше и против Израел по инвазијата на Израел на Либан во 1982 година. Целта на Израел во 1982 година беше да се формира христијанска влада во којашто нема да имаат никакво влијание муслимански фракции.

Од 1989 година, 40 илјади сириски војници беа присутни во центален и источен Либан под контрола на Владата на Либија. Сирија ги повлече трупите од Либан во 2005 година.

Да се потсетиме дека во 1943 година, Сирија и Либан беа официјално признаени од Франција и од тука и влијанието на Франција.

Контрола на терен по окупацијата на сириската војска на делови од Либан. три фракции го контролираат теренот, Маронити (запад боја лилак), Сириска војска (исток боја темно зелено), Палестинска ослободителна организација (југ боја светло зелено).

Претседател на Сирија при окупацијата на Либан е Хафез ал-Асад, татко на сегашниот претседател на Сирија, Башар ал-Асад којшто дефинира 5 стратешки цели при процесот:

1) превентива од радикални фракции да ја превземат власта во Либан, во тоа време, Фатах на Јасер Арафат;

2) спречување на Израел да ја загрози Сирија од западната граница на Сирија;

3) контрола врз Палестинската ослободителна организација;

4) обид да се наметне како пан-арапски лидер по смртта на египетскиот претседател Гамал Насер;

5) тестирање на можноста Либан да стане составен дел од Сирија.

Всушност, Граѓанската војна во Либан од 1975 е изговор за окупацијата на Либан од страна на Сирија на Хафез ал Асад. 

Палестинската ослободителна организација, Фатах и Хамас

Неминовно е за овој документ да напишам неколку пасуси за Палестинската ослободителна организација (ПОО), формирана во Каиро во 1964 година, како идеја за арапско обединување против Израел. Идеја за организација којашто нема да биде милитантна, туку политичка, имено, во почетоците ПОО не беше милитантна, а се појави по прогласувањето на Израел како држава во 1948 година, во период кога Палестинците тврдат дека од територијата на денешен Израел се избркани од 500 илјади до 1 милион Палестинци.

Во Каиро 1964 година се одржува состанок на Арапската лига, а само три години потоа се случи шест-дневната војна од 1967 година, после што, Јасер Арафат, од милитантното крило на Фатах, се инфилтрира во ПОО, ја превзема контролата над ПОО, и од 1969 до 2004 ја води организацијата. Тука е битно да се нагласи дека во почетоците на шеесетите години, седиштето на ПОО беше во Јордан и од таму беа лансирани напади кон Израел. По прогонот од Јордан, ПОО се пресели во Јужен Либан во почетокот на седумдесетите. Сепак, ПОО мораше да се пресели и од Јужен Либан во 1982 година, кога го префрлија седиштето во Тунис, а од 1994 година седиштето го префрлија во Газа. Во овој период ПОО беше признаена од Арапската лига како легитимен претставник на Палестинците, а Јасер Арафат имаше обраќање во Обединетите Нации како лидер на земја којашто не е членка на ОН како можност за меѓународно признавање на Палестина како држава.

Јасер Арафат секаде одел вооружен.

Прва и втора интифада – انتفاضة‎

Првата интифада е во периодот од 1987 до 1991 година при што конфликтот за Газа (Gaza strip) и Западниот Брег (West Bank) добива форма на тотална војна, бомби, убиства, политички преговори помеѓу Арафат и Израел.

Во 1982 година, Израел го бомбардира Бејрут и од воздух и од вода и со тешка артилерија ги принудува борците на ПОО да го напуштат Бејрут.

Втората интифада се случува пред крајот на животот на Арафат, како обид да се постигне тоа што Арафат не успеа да го постигне. Втората интифада трае од 2000 до 2005 година, во меѓувреме Арафат почина во 2004 година, а во Газа се појави нова милитантна формација којашто од 2005 година го превзема приматот пред Фатах и станува доминантна на теренот.

Во 2006 година, сунитската исламистичка милитантна фракција, Хамас, на избори за Палестинскиот законодавен совет, освои мнозинство. Конфликтот помеѓу Фатах и Хамас мораше да заврши со насилство и крвопролитие, а Хамас ја собори од власт Фатах во појасот Газа, во уличната војна. Во период до 2007, Газа ја води Хамас, а Западниот Брег го води умерениот Махмуд Абас, наследниокот на Арафат.

Јасер Арафат и Фидел Кастро договараат меѓународна поддршка за Палестина

Во 1994 година, по потпишувањето на Договорот од Осло, помеѓу Израелскиот Премиер Јицак Рабхин и Палестинската страна со Јасер Арафат, беше договорено да се створи Палестинска национална власт којашто ќе произлезе од ПОО, којашто ќе управува со Газа и Западниот Брег, но во исто време во Договорот од Осло имаше и динамика на повлекување на Израел од клучните територи за Палестинците. Во истата година, по 27 години прогонство, Арафат имаше можност да се врати во Газа. За овој квазиподвиг од Осло, Јицак Рабхин и Јасер Арафат добија Небелова награда за мир, мир којшто не траеше премногу, имено, од 2000 година, ПОО ја започна втората интифада, поради тоа што динамиката од договорот од Осло не се оствари.

Зборот „интифада“ се преведува како востание.

Логото на хезболах (лево) и логото на револуционерната гарда (десно). објаснување: десна рака држи пушка во рамки на глобус, а арапскиот текст ги содржи зборовите: бог и партија, попрецизно, партијата на бог. името „hizballah“ потекнува директно од куранот, стих во книгата којашто е исцртана на логото, на арапски: حزب الله‎Ḥizbu ‘llāh, прецизно во превод: „партија на алах.“

Хезболах добива на снага и легитимитет по револуцијата во Иран, 1979

Палестинците мораат да го напуштар Јордан, попрецизно беа избркани од кралот на Јордан, а огромнен број Палестинци пребегаа во Јужен Либан. Бројката на герилци од ПОО коишто се префрлија во Јужен Либан е под 5000, а бегалци под 300 илјади.

Израелската инвазија на Јужен Либан во 1982 беше иницијација за конечно формирање на милитантна организација со доминантна шиитска организациска структура. Секако, Хезбалах не е единствената милитантна организација којашто се формира во периодот на граѓанската војна, но станатите не се така снажни во деструкцијата. Пред иранската револуција, да заклучам, влијанието на шиитското население во Либан е организирано со фракцијата „Амал“ којашто има и своја милиција, но не е милитантна како Хезболах, туку повеќе е цивилна и ги претставува Шиитите во власта и во односите со другите народи. Во осумдесетите, за време на траењето на војната меѓу Ирак и Иран, се случија најгорчливите конфликти, атентати, удари и контраудари помеѓу Израел и Хезболах, главно лоциран во Јужен Либан, и околу Бејрут.

Колку пати Израел го окупира Јужен Либан со тенковска, оклопно механизирана машинерија? По окупацијата во 1978, за Изарел беше битно да ј демаркира грницата, на мапата тука со сина боја помеѓу Либан и Израел, а горната граница е природната граница на реката Литани до кадешто Израелските сили за безбедност навлегувале при инвазии на Јужен Либан за да ја контролираат територијата со војска на терен од ракетни удари.

Во основните акти на Хизбалах, во манифестот пишува: анти-колонијална, анти-империјална. Хезболах е признаена сила. Во манифестот од 1985 година, се излистани цели како „бркање на американските и француските сојузници засекогаш од Либан за да се стави крај на колонијализмот.“, брилијантна цел кон антиколонијалната борба во светот, но не само тоа, туку и идејата за „Исламска Република Либан“, којашто е составен дел од манифестот, по концептот на Иран како Исламска Република Иран.

Во 2009 година, Хезболах го напушта претходниот манифест за формирање на Исламска Република Либан, со идејата за „единство“ без етнички елементи (секта-ријански) со идејата за демократска парламентарна репрезентативна власт којашто ќе се обиде да ги решава проблемите на населението коешто го застапува во Влада.

„Хезболах е остриот нож на копјето лансирано од Иран“ е често спомнувана реченица.

Либан 2020, партијата на Бог или господовата партија – Хизбалах, во македонски литературен превод „Хезболах“, е во исто време и терористичка организација, ако се читаат осудите и црните листи на разузнавачките служби со активна програма за разузнавање, потоа, милитантна група, политичка партија. Продожена рака на Иран, израелска ноќна мора, на Блискиот Исток нема по-организирана не-формална милитантна група којашто во исто време е и организација и политичка партија која што се занимава со акти на терор; во основа се повикува на Бог, со цитати од стихови во книгата. На Бог не се повикува само шиитската либанска група, на Бог се повикуваат и други со „свето право“ да убиваат, во име на Бог.

Хезбалах е и многу повеќе од организација и политичка партија, зборот не-формална има смисла на места кадешто населението добива поддршка како социјално загрозено, којашто е силно идеолошки обоена, социјална поддршка за ранливи категории, со цивилна компонента, клубови и културни центри. Воено-политичкото крило, такаречи столбот на организацијата го организира населението за континуирана војна од долу против Израел. Војската на Хезбалах е делеку помоќна од Либанската војска, од војската на државата Либан. Во исто време е и државен и не-државен ентитет, државен затоа што учествува во власта во Либан, не-државен затоа што учествува во proxy и директни и отворени војни надвор од границите на Либан, на пример со сојузничка Сирија.

Идеологијата на Хезболах е ширење на идеологија на отпор контра моќните држави коишто светот го третираат како сопствена колонија и следствено на тоа и проитв организациите коишто не работат јавно, ЦИА, Мосад и тн.

Абас ал Мусави беше генерален секретар на Хизбалах до 1992 кога беше ликвидиран во моторизиран конвој во којшто загина и неговата жена и неговиот петгодишен син, во напад на израелските безбедносни сили. По убиството на Мусави, Хезболах ја нападна амбасадата на Израел во Буенос Аирес во 1992 година со аргументација дека тоа е одмзада за убиството на синот на ал Мусави. По 1992 година, Хизбалах од позиција на генерален секретар ја води Хасан Насрала.

Хезболах има мобилизациска моќ поради поддршка на-за немоќните. Хезболах е идеолошка партија, идеологијата на Хезболах е како палета на боички коишто се нанесуваат со копја-пипци низ Либан, но и доста подалеку од Либан, Израел, Сирија.

Организацијата е финансрана од дијаспора, врската со Иран е директна и тука е главниот извор на ресурси, за герилско и ракетно вооружување, обука, информации, идеолошка шитска поддршка. Без Иран, Хезболах би била сосем друга организација, можеби од калибарот на палестинската Хамас, или претходницата на Хамас, Фатах, како помала, покомпактна, милитантна, но не толку голема главоболка за израелската држава.

Иран има големо влијание во цел регион, низ цел Ирак, Сирија, Либан, и директно врз Хезболах.

Во Либан, ако се прати политичката состојба низ годините, којашто има дијалектички карактер, на секои 15 години се случуваат драматични промени во политиката без оглед дали се предизвикани од атентати, војни, дестабилизирачки фактори како експлозии, друго.

Почеток на граѓанска војна во 1975 година,

крај на граѓанската војна во 1990 година,

атентат врз премиерот ал-Харири 2005 година,

политичка експлозија врз пристаништето во Бејрут во 2020 година.

70 години арапско-еврејски војни

Израелската војска пенетрира во Јужен Либан во 1978 година и се повлече од инвазијата во 2000 година. 22 години окупација со различен интензитет и длабочина на окупирана земја, со последните повлекувања од зона од 15 километри длабочина од границата на Израел, како зона за обезбедување на пограничните израелски населби, фарми и тн. Насрала во 2000 година тогаш кажал дека со повлекувањето на Израел се заокружуваат 50 години војни помеѓу Арапите и Евреите во таканаречениот арапско-еврејски конфликт којшто е комплексен, сложен.

Во 1982 година, Израел го обвини Хезбалах за окупацијата на Јужен Либан.

Во перидот на граѓанската војна, во 1983 година, Хезбалах ги напаѓа американските и француски фиксирани воени инсталации во Бејрут.

Во 1984 година, таргетира еврејски заедници во Аргентина.

Хезболах не се разоружи по граѓанската војна во 1990 година, а во сите конфликти коишто се случија околу Сирија пред 2011 година и во војната во Сирија, Хезболах цврсто стоеше на страната на власта на Асад.

Во 1993 година, Израел го нападна Либан на 25 јули за привремено да ја сузбие агресивната Хезбалах. Операцијата траеше една недела. Тоа дојде поради тоа што претходно, во јуни, Хезболах ракетираше селце во Северен Израел.

Во 1996 година, Израелските сили за одбрана (IsraelDefenceForce – IDF) водеа воена кампања против Либан, попрецизно против ракетните напади на Хезбалах којшто го ракетираше Северен Израел. Операцијата трае 16 дена, за време на коjaшто авијацијата на Израел ги бомбардира позициите на Хезболах со над 1000 ракетни удари.

Во 2006 година, Хезболах и Израел водеа едномесечна војна, поточно 34 дена, Иран ги поддржуваше сите активности на Хезбалах како и секогаш, со обука, со оружје, со пари, тогаш во тоа време беше иранскиот Генерал Касам Сулејмани. Во таа војна беа убиени над 1000 луѓе од двете страни, а над 1 милион луѓе беа привремено раселени од местата кадешто се случи конфликтот.

Војната во Сирија почна во 2011 година и траеше десет години. Истата 2011 година, Саад Харири којшто водеше Влада на таканаречено „единство“, поддржан од Саудијците, беше срушен од Хезболах.

Герилата на Хезболах се бори на страната на Асад од 2012 година со најмалку 8000 герилци, веројатно се доста повеќе. Поради тоа десетгодишно искуство, војна од сенка, во иден конфликт со Израел, Израел може да се соочи со незгоден противник.

Во Сирија имаше соработка меѓу либанската војска и Хезболах, иако либанската војска е директно поддржана од Американците и Французите, а за нив, Хезболах е терористичка организација. Но, Хезболах е дел од Владата во Либан и има министри во Владата. Либанската војска и Хезболах беа принудени да соработуваат за да ја неутрализираат армијата на ИСИЛ, затоа што ИСИЛ беше директна закана и за Либан, според тоа за Хезболах, доколку војната се прелие од Сирија во Либан.

Крупни играчи на терен

Меѓу крупните играчи во Сирија штрчи Русија, Путин се договори со Иран заедно да се вмешаат во Сирија. Потоа се договори со Турција. На крај се договори со Египет. Според тоа, играч без кој не се може во Сирија е Русија, тоа го видовме со военото присуство, а потоа и со политичките процеси коишто следеа со задржување на Асад на власт. Сето тоа се однесува и на Хезболах. Крупен играч секако е САД, но теренот го контролираат војници. Тука е Израел со антагонизми кон арапските држави и Палестина.

Искуство на Хезболах во Сирија во директни воени конфликти ја помести идејата за добивките на војната во третманот на предизвикот за Израел, се разбира, особено што во посед на Хезболах се наоаѓаат орудија и апарати коишто беа оставани од војските на сите страни на теренот на огромната по територија Сирија. Но, иако имало соработка меѓу Либанската армија и Хезболах, Сиријската војска и Хезболах одбиваат да потврдат дека тоа се случило, го негираат тоа.

Либан е мало подрачје, лимитарано на деликатни односи меѓу доста страни коишто се влечат повеќе декади.

Либан има не помалку од 6 милиони луѓе на територијата, но не повеќе од 7 милиони, при што, од нив, околу 1,5 милиони луѓе се бегалци од војни од Сирија и Палестина, од кои околу 1 милион Сиријци и околу 500 илјади Палестинци, од тука може да се напише дека државјани на Либан, се 2 милиони луѓе помалку, па така бројките се минимум 4 милиони, но не повеќе од 5 милиони државјани на Либан. Шиитскиот дел е дел на директно влијание на Хезбалах, а сунитскиот дел е со директно влијание на Сирија и на Саудијска Арабија. Други директни влијанија во делот којшто не е под директна контрола на Хезбалах: Франција како бивша колонијална сила, САД. Израел ја таргетира Голанската висорамнина како стратешка просторија од којашто ќе ја штити еврејската држава-нација. Христијаните се okolu 70 проценти католици во две главни католички фракции, 20 проценти се грчки ортодоксни христијани, би пишал грчка ортодоксна фракција и ерменска ортодоксна фракција, други како протестанти и тн. Маронитите, коишто се најголема католичка фракција читано како верска заедница во Либан, се во лоши односи од историска перспектива со Хезболах. Ако направам пресек, христијаните секогаш имаат директна поддршка од странците-меѓународната, а шиитите со од другата страна на поддршката, и делумно тука е сунитското население коешто трпи влијание од поширокото поле на арапскиот свет.

Хезболах е во континуирана војна, крајот на војната во Сирија ја дочека како победничка, затоа што Асад е на власт, а по експлозијата во Бејрут на 5-ти Август 2020 година, кога класните разлики на луѓето на терен беа откриени во големата детонација, на терен во Бејрут осанаа само сиромашните, бедните и отфрлените, затоа што по ударот се виде дека во Бејрут не постои средна класа, туку само „убиени“ битија од континуираните војни на капитализмот, оставени сами на себе во самоорганизација да ги организиараат сите елементарни потреби за живот, храна, дом, вода, жито, лекови.

Хезболах е и социјално движење, движење за поддршка на бедните, оставените, заборавените, старите, повредените, сиромашните.

Во Бејрут, за настраданите од војната во Сирија, Хезболах води рехабилитациони центри, коишто не се лимитирани само на воени ветерани. Цивили водат таков тип на центри за поддршка на идеолошката војна. Хезболах води свои спортски клубови, медицински центри и школи. Како што овие центри за поддршка на населението овозможуваат сервиси за шиитското население, сервиси коишто државата Либан не може да ги обезбеди како што тоа го прави организацијата, таквиот пристап на односи на „држава во држава“, ги загрозува позициите на француските и американските колонисти во Либан затоа што Французите и Американците сметаат дека сите овие социјални програми коишто се волонтерски организирани, се злоупотребуваат на линија на воените доктрини и тактики на Хезболах.

 

За Бејрут

 

Во минатото, Бејрут е третиран како Париз на Истокот. Французите го освојуваат, попрецизно го приграбуваат пристаништето во Бејрут. Ја врежуваат француската култура во градот, од тука и католичкото влијание. Бејрут во втората половина на XX век го тресат религиски и воени конфлити коишто како што можеме да видиме и денес, не се решени. Дупките од куршуми на секој агол се сведоштво на таа нерешлива равенка, со војници коишто ноншалантно шетаат низ градот со автоматски пушки. Во Бејрут тешко може да се разлачи разлика меѓу религиите затоа што војната како што разделува, таа исто и зближува фамилии со исти судбини, имено, ретко некоја фамилија да не е директно погодена од војните.

 

Падот на Алепо

 

Алепо падна со директна поддршка на Хезболах, попрецизно клучниот дел од Алепо, Источен Алепо, но со големи жртви и повредени.

Хезболах работи и на терен во Ирак, против ИСИС, изведени се доста акции за сузбивање на војската на ИСИС. Поддршката во оружје и финансии, секако, особено во Ирак, доаѓаа од Иран.

Хасан Несрала, генералниот секретар на Хезбалах, во 2016 година, во февруари им се закани на Израелците дека ќе нареди ракетен напад врз нуклеарен реактор во Израел.

Кхамнеи, Хасан Насрала, Касем Сулејмани

Хезболах е лимитиран на теренски акции затоа што морето го контролира Израел со блокада на бродови и чамци, а исто така и воздушниот простор околу Либан, како заштита на-за Евреите, тоа за што планираат и анексија на Голанската висорамнина, а според Израелската војска, „клуч на безбедноста на Израел во војните со Либан.“

Хезболах има проблем секогаш кога во Либан на власт доминираат сунитите, дури и постоењето на Хезболах се доведува под прашање со поддршка на „странците“ коишто инсистираат на политичкото крило, па затоа Хезболах работи на поткопување на власта во Либан со тоа што директно се вклучува во власта. Стравувањата, од друга страна се дека ако ослабне либанската држава, Хезболах ќе зајакне до толку што ќе ја превземе државата Либан со сите полуги на моќ.

Хезбалах е на листата на терористички организации на САД, Обединетото Кралство, Австралија, на двеесетина земји. Главен таргет се финансиите и замрзнувањето на ресурси на организации коишто соработуваат со Хезболах. Тоа се прави поради тоа што се смета дека не може да се одвојат политичкото од военото крило на Хезболах. Политичкото крило е во владата на Либан. Но, во Хезболах сметаат и кажуваат дека не може да се прави разлика меѓу политичко и воено крило, затоа што Хезболах е едно тело со еден дух, хомогена материја.

Хезболах не е никаква закана за САД, Франција или Обединетото Кралство, туку за Израел.

Има две страни на комплицираната и конфликтна станица на светот и војна помеѓу Хезболах и Израел, а тоа е дека и двете страни знаат дека ако денес влезат во фронтална војна, на двете страни ќе има огромни жртви, затоа и покрај повременото влегување во отворен конфликт, прокси ударите им се специјалност и на обете страни.

Стварноста од Сирија е дека доколку не беше Хезболах, ИСИС немаше да биде уништена само со бомбардирања, затоа што освен герилата на Хезболах на терен не постоеше така добро организирана сила којашто може да ги заштити интересите и на Европјаните и на Американците. За тоа се согласуваат и разузнавачи од европскиот континент коишто јавно говорат на медиуми на Бискиот Исток и коишто сметаат дека со Хезболах треба да се одржуваат таканаречени back-chаnnels, особено во ек на војна.

Но што, на конец, сакаат НАТО сојузниците во врска со Хезболах?

Дали се работи за односот кон Иран?

Ударот со атентат врз Сулејмани на почетокот од 2020 година од страна на Трамп е поврзан и со Хезболах. Јакнењето на Хезболах е политика на Иран со директни воено-политички интервенции со „црни“, живи пари, и во тие времиња со консултации на теренот со Генералот Сулејмани.

Атентат врз Премиерот Рафик Харири во 2005 година

Суд во Бејрут во вторник на 18 август 2020 година донесе одлука дека водачите на Хезболах или сириската влада не се вмешани во бомбашкиот напад и убиството на Рафик Харири во 2005. Судењето се влече десетина години. Доколку судот донесеше одлука во којашто водачите на Хезболах би биле обвинети, со оглед на тензијата што е створена после експлозијата на пристаништето во Бејрут на 5 август 2020 година, а во врска со Хезболах, можен би бил одмзаднички одговор. Од 5те обвинети и идентификувани во случајот за атентатот врз ал–Харири во 2005 година, еден од нив е член на Хезболах.

Очигледна е дисторзијата на владеењето во Либан, на христијани, сунити и шиити. Сирија и Саудијска Арабија ја поддржуваа Либанската армија и Влада и поддржуват сунити на власт, додека Хезболах е поддржан од Иран како шиитска фракција во Либан. Во антагонизмот се раѓа конфликт којшто трае многу години. Се чини дека Хезболах на врат ги има не само Французите и Енглезите, туку и Американците, Евреите и Саудијците. Иако имаат малку поддржувачи, шиитската фракција во Либан е идеолошки моќна и единствена и затоа има сила да се бори на повеќе страни во исто време.

Виновна е Хезболах.

Тенк на граница

Влијанието на Владата на Либан

Од 2005 година, Хезболах реши да влијае на тековите на пари и да се бори за власт во Владата, со коалиции, мнозинства.

По војната во 2006, кај водачите на Хезболах преовладува мислењето дека е најдобро да се влијае на Владата во Либан. Обидот да ја срушат Владата во 2006 е последица на тоа што не можеа да влијаат да добијат повеќе места во Владата.

Во 2008, владата нареди да се демонтира приватната телекомуникациска мрежа што Хезболах ја има во Бејрут, но не само таму и ја користи паралелно на телекомуникациската мрежа на државата Либан. По таа одлука на Владата, Хезболах на Насрала ја мобилизираше герилата и имаше повеќекратни акти на насилство на двете страни. По тоа, доаѓа до примирје, при што Хезболах добива вето моќ, врз одлуките во Влада.

Веќе во 2011 година, Хезболах со сите коалиции, има мнозинство во Парламентот, добива свои министерства и министерски позиции, и од 2015 наваму е видливо на власт. Се чини дека нема сила што може да ја спречи шиитската раја организирана околу Хизбалах да владее во Либан.

На 18 август 2020, беше донесена одлука на трибунал на Обединетите Нации во Либан, којшто исклучи вмешаност на Сирија и Хизбалах во убиството на ал-Харири коешто се случи во 2005. Беше исто така исфрлена и можноста дека во тоа е вклучено раководството на Хизбалах. Хезболах ја осуди истрагата уште од почеток на процесот, а оваа одлука доаѓа токму во момент на страшни тензии и е обид за контрола над мирисот на војна, што се појави по експлозијата.

Во јуни 2011 година, Премиерот на Либан, Микати, чијашто главна поддршка беше од Саудиска Арабија, формираше Влада со 30 членови од коишто 18 места беа пополнети со сојузници на Хезболах. Во таа Влада, немаше членови на коишто се продолжена рака на колонјалните сили.

Арапската пролет беше процес на тешки одлуки за Хезболах. Иако со задоволство ги дочекаа револуциите во Тунис, Либија, Египет, сепак кога дојде на ред Сирија, нивната поддршка остана за нивниот клучен сојузник покрај Иран, сиријскиот претседател Башар ал Асад.

На 6 мај 2018, во Либан се одржаа први избори после 2009 година. Блокот што победи беше блокот на Хезболах со сојузниците, и од 2018 може да се каже дека Хезболах за прв пат стана доминантна партија, но иако дискусијат за Влада траеше скоро цела година, во 2019 година, Либан доби влада на „единство“, во којашто сепак, Хезболах немаше никаква власт поради тоа што е третирана како терористичка организација поради што странците поставија услов дека нема да даваат кредити или билокаква поддршка за таквата влада ако во неа главен збор и места ги има Хезболах. Сепак, главниот збор иако не е на Хезболах директно, сите сојузници на Хезболах ја водат таа влада.

Но, и таа Влада не се задржа на власт поради простестите шти избија во Либан во 2019 година, коишто Хезболах се обиде да ги обесхрабри. Нова Влада во Либан се случи во 2020 година, со технократски кабинет, повторно со поддршка на сојузниците на Хезболах, без вазалите на странците.

Потоа се случи пандемијата на ковид-19 што воспостави сосем нови форми на предизвици, а неколку месеци Либан преживува хиперинфлација и за крај, експлозија на пристаништето од кадешто 80 проценти продуктите и храната влегува во земјата.

Виновна е идеологијата на Хезболах, тоа е нешто од идеологијата што ако биде предизвикано, возвраќа милитантно и снажно, такаречи, нештото е тука и останува да биде тука уште долго време.

Либан – други информации

 По падот на Отоманската империја, по Париската конференција во 1919 година и по 1920 година, Франција владее со Либан и Сирија како една територија, со проширени граници на Сирија, транс-Сирија. Границите на Либан се дефинирани со Договорот од Севр во 1920 година.

Во 1943 година, Де Гол дава изјава дека по војната, Либан ќе продолжи самостојно без Франција. Истата 1943 година, Франција ги ослободува правата на протекторатот Либан да се организира, а Маронитите владеат до појавата на Хезболах.

НАТО на Блискиот Исток – МЕТО 

МЕТО е Багдадски пакт од 1954 година формиран од Турција, Пакистан, Ирак и Иран, со Англија, за да се направи линија од земји на НАТО или блиски земји со НАТО за спречување на влијанието на СССР на јужно-западните граници на Блискиот Исток или Middle East Treaty Organization, 1954 – 1979.

Принципот на Ајзенхауер против СССР, којшто има анти-логика со МЕТО, затоа што САД не се вклучи во иницијативата поради влијанието на Евреите во Конгресот во САД и противењето на еврејското лоби во САД: „Секоја земја којашто ќе побара помош од САД против СССР ќе ја поддржиме“. Центар на МЕТО е Анкара, Турција. Арапската лига се спротивстави на МЕТО, всушност Арапската лига се спротивставува на се* што е надвор од влијание и контрола на логиката на Лигата, на тоа особено се спротивстави Египет.

Класни разлики

Либан не е пропадната исламска држава, туку уништена земја од капитализмот. Луѓето имаат изгубена доверба во политичарите, довербата во институциите е исто така изгубена, луѓето немаат пари да купат ништо, немаат пристап до ефтини пари, банките ги ограбуваат, државата ги ограбува. Во демократија можеш да го славиш господ, во ислам не можеш  да ја славиш слободата. Во Либан се чини дека нема социјална правда. Економската криза се рефлектира на секое битие. Владите се во тотален распад, народот буквално умира. Влада на вакви конфронтации не може да се фокусира на демистификација на криминалци, воени профитери, на гладдта на народот, на буквално лошата исхрана и зрдраво хранење. Често има испади на енергетскиот систем и нема струја, банките не им ги враќаат парите коишто луѓето ги депонирале во нив, воздухот е страшно загаден, нема здрава и чиста вода во доволни количини, пекол на земјата, тоа е Либан, народот има изгубено се*, и доверба во институциите и верба дека нешто може да се смени. Единствено нешто што останува е да се протестира.

Класните разлики во Либан се повеќедецениски, Либан е даночен рај, богатите трајно стојат на врвот Либан е нешто како западна „енклава“ во источниот свет. Палестинската ослободителна организација е на страната на радикалната левица во Граќанската војна, по прашањето на класни разлики, религија, имено, Палестинската ослободителна организација беше водач на левицата наспроти десницата. Палестинците се* уште немаат перманентен дом, немаат лидери и со тоа и политики, гарантиран со меѓународно право и договори и пред се* во антагонизмите со Израел.

Пред ковид

Во Судан, Алжир, Ирак, Либан, пред ковид-19 имаше протести на коишто слоганите резонираа слично, околу воспоставувањето власт и кој тоа го прави, кој ги поставува правилата на игра и кој профитира од тоа. Протестите се против полицијата, банките, економскиот систем. Опресијата на полицијата не може да се скрие, видлива е, додека тортурата на банките и системот во економска смисла е индиректен, а сектаријанските војни коишто тоа го прават, се во позадина. Во Либан, според договорената поделба на власта, хрстијанин е Претседател, сунит е Премиер, а Парламентот го води шиит. Тоа е поделбата којашто може да се менува, но секоја комуна има претставник во пропорција на силата на терен. Заменик Премиер и заменик Претседател се ортодоксни христијани, со што во Либан има резервирани места за конфесионализам, како религиска поделба.

По Граѓанската војна, 1990 година, war lords владеат со земјата, тешко можат да се разоружат, затоа што кој ќе го направи тоа?, и според тоа владеат со оружје со контрола на региони и реони, како во Конго. Приказната е иста 30 години, истите луѓе владеат 30 години.

Во времето на инвазијата на Либан од Сирија на Хафез ал Асад, син му Башар ал Асад има 11 години. Маронитите се десничарска католичка (христијанска) фракција. Маронитите соработуваат со Израел и не сакаат да ја делат власта со муслиманите.

Бомбардирањето на Бејрут

1982 година, Израел го блокира Бејрут од вода, копно и воздух за да го пронајде Јасер Арафт. Американците не го поддржуваат страшното бомбардирање на Бејрут. Трагедија во Бејрут, 1500 згради се срушени во ужасни артилериски удари на Израел. 3 јули 1982 година, илјадници Евреи во Тел Авив протестираат против блокадата на Бејрут. 4 јули 1982 година, комплетна блокада за вода и храна за Бејрут, потпис – IDF. Ариел Шарон – Шинерман, познат како Касапот на Бејрут, нарачува, како шеф на војската, на 10 август 1982 година, бомбардирање на Бејрут познато како „тепих“ или carpet bombing. 30 август 1982 година, Палестинската ослободителна организација се евакуира во Тунис и други арапски земји. По бомбардирањето на Бејрут, Хезболах бара одмзада на сите можни начини.

Сабја

Хезболах го штитеше Башар ал Асад. Од Сирија, сега, Хезболах е во Либан. Без Хезболах Либан не може да се управува, „сабјата“ е високо подигната над власта, пред Хеболах, Маронитите управуваа со Либан. Израел го окупира јужен Либан за да се избрка Јасер Арафат и ПОО од Либан, по што беше формирана Хезболах. Хезболах е далеку посилна од либанската армија.

Quds Force

Иран има војска којашто ја нарекува Quds Force, во име на Денот на Ерусалим, светиот град, за муслиманите и за Евреите. Силите Кудс се комбинација од разузнавачки елементи и герилска војска, одговорни за надворешни удари и ги поддржува не-државните елементи во Либан како Хезболах, Хамас, Плаестинскиот исламски Џихад, Газа, Западен Брег, Јеменските сили, Хутите, и Шиитски милиции во Ирак, Сирија, Афганистан. Силите Кудс, Quds Force директно му одговараат на Ајатолахот Кхамнеи.

Al Quds на арапски القدس‎ е името на градот Ерусалим којшто значи, „свет“, quds == holy, епитет којшто е позајмен од Хибру, haqQodesh הַקּוֹדֶשׁ,from ירושלים הקדש или Светиот Ерусалим.

 Hizzbalah е прокси за Иран

„Хезболах се појави како отпор кога Израел не* понижуваше“, изјава на сведок на настаните во Граѓанската војна.  Насрала не се појавува во јавност со години. 1/4 од Хезболах се сиромашни луѓе. Хезболах има grass roots база на сиромашни шиити коишто се повеќе од 1/3 од популацијата на Либан без бегалците, со бегалците шиитите се 1/4 од сите. Хезболах не дава/прави празни закани. Хезболах е политичка партија, социјално вмрежување, армија, организација, религиска партија, напредна армија со напредни оружја коишто доаѓаат од Иран и Сирија.

Во деведесетите, при окупациите на Израел, Хезболах дневно се бореше со Израел, покажувајќи дека има и сила и борци и волја. Хезболах се појави за да ги штити Шиитите од доминантно Сунитите, но од 1982 година, популационо ситуацијата е доста променета, сега најбројно население во Либан е шиитското. Хезболах е најголема закана за Израел, користи герилска тактика и има добро тренирана герила. Обединти Нации се присутни на терен во Јужен Либан од 1982 година, но невозможна мисија е да се биде мировник во услови на терен како во Граѓанската војна во Либија со агресивни милитантни страни.

Либан и Израел немаат дипломатски односи. Blue Line е линија на мировниците на Обединети Нации, сините шлемови, коишто ја чуваат линијата на раздвојување меѓу војските на Израел и јужен Либан, во тоа време ПОО. Официјална граница не постои, Blue Line е неофицијална граница. Се копаат тунели на сите страни за да се пробијат надземните огради и T ѕидови, T-Walls, на границата со Израел, но и се полнат со бетон со машини. За Израел е битно дали Иран има коридор од Ирак до Либан и не било толку битно дали Башар ал Асад ќе биде власт во Сирија. За Башар ал Асад паднале 15000 борци на Хезболах. Дополнително, според информации од терен Хезболах има тешко вооружени 25000 борци.

Басен наречен ЛЕВАНТ, во којшто се откриени нафта и гас по истражувања на земјата под дното на морето и на територијата на копното, според мапата, дел има и државата Либан.

Централата на Хезболах е во јужен Либан

Сите коишто загинале, а имаат деца и фамилии се згрижени во школите и центрите што ги води Хезболах. Хезболах е социјална организација. Главна „банка“ на Хезболах е Иран, но има и богати шиитски биснисмени коишто со своите бизнис мрежи ја поддржуваат организацијата. Во Либан, сунитите се политички јаки поради поддршката од Саудијците и Арапската лига, но се плашат од моќта на Хезболах.

Пред атентатот во 2005 година, Рафик Харири се обидува да ја одземе силата на Хезболах во Либан, но тоа не е можно. Се обидува да го намали и влијанието на другите земји, но тоа не му успева. Синот на Рафик Харири, милијардерот Саад Харири има либанско, француско, саудиско државјанство. Рафик Харири се обиде да го води Либан под сунитско водство, таквиот обид го направи и неговиот син, Саад Харири. Саад Харири си даде оставка во октомври 2019 година. Нереално е да се намали моќта на Хезболах. Хезболах е во Парламентот, како и во Владата.

Поморски граници според меѓународно право на Грција и Турција, дефинирани по падот на Отоманската империја за Турција, во којашто се исцртани и поморските граници на Египет, Либија, Израел, Сирија, Кипар и се разбира Либан.

Саудиска Арабија има стратешки интерес да влијае директно во Либан, политички и економски, со купување на земја, инвестициско портфолио на сите можни страни, во кратко со многу пари, со владини обврзници.

Војните на Хезболах

Хезболах води војна во Јемен, беше присутна во Сирија, во Ирак, но и во Бахреин. Сирискиот вител направи од Хезболах сериозна армија, тоа веќе не е милиција. Хезболах е регионален играч. Израел се припрема за нова војна со Хезболах. Се претпоставува дека Хезболах моментално располага со 100 илјади ракети. Ако има војна, Хезболах ќе лансира од сите страни и ќе го применува методот на „тепих“. За шиитите во Либан, Хезболах е легитимен одбранбен механизам од Израел.

Турскиoт дипломат Кагатај Ерциес во 2019 година, сподели мапа на социјалните мрежи од континенталната плоча – continental shelf до којашто се протега турската територија под море, со точки одредници за распределба со другите земји, според којашто Турција прави договори со Либија, Кипар, а коишто се во директен конфликт со претходната мапа до кадешто Грција според меѓународните договори и падот на Отоманската империја ги проширила своите граници.

Обичниот човек во Либан не е претставен во парламентот на Либан, затоа што државата е збир на секти и етнички и религиски фракции коишто се договориле да имаат свои претставници по клуч. Либан не е секуларна држава поради тоа што изјавите од следен тип владеат: „Алах ми кажа дека ако некој греши кон мене и јас ќе грешам кон него, ако ме нападне и јас ќе нападнам“.

 

 

 

 

 

 

 

 

Референци:

https://www.washingtoninstitute.org/policy-analysis/view/if-war-comes-israel-vs.-hizballah-and-its-allies

https://www.youtube.com/watch?v=wo4wCkHdyi0

https://edition.cnn.com/videos/world/2017/11/14/lebanon-who-are-hezbollah-lon-orig-expl-ejk.cnn

https://www.youtube.com/watch?v=FE4vosdzTM8

https://www.aljazeera.com/programmes/insidestory/2020/01/united-kingdom-acting-hezbollah-200118183658967.html

Пишува: Кирил Минанов

Други текстови за „Гласник“ од авторот:

Црна صحراء: Алжир без Ками
Судан: Plus ça change, plus c’est la même chose

Дарфур

Маската на Либија: Гадафи и Хафтар

Бегалски камп Европа

Окупација Иран

Окупација Ирак

 

|2020-09-18T11:53:15+00:0028 август 2020|Актуелно, Свет, Став|