(Видео) Карл Маркс за ерата на информациите

Маркс тврдел дека она што го прави човечкиот труд уникатен е креативната и знаечката вредност што луѓето ја додаваат во нивната работа. Но според Маркс,  капитализмот на еден начин ја корумпира, ја искривува и ја негира оваа вредност – преку потценување на трудот, објективирање, абстракција, присвојување, отуѓување, комодирање – а во овој случај преку механичка автоматизација.

За него, процесот на трансфер на трудот од човекот кон машините, бил фасцинантен. Тој го гледал тоа како фундамент за човечки прогрес и истребување на сиромаштијата. Се разбира, за него овој процес требало да биде колективен и еманципаторски, но капиталистичката класа секогаш ќе прави напори тоа да остане нивна ексклузивност за контрола и профит. На ова, современиот професор и марксист Фукс додава:

„Компаниите што ги водат социјалните мрежи често потенцираат дека тие не се ориентирани кон профит, туку  секогаш ја потенцираат нивната употребна  вредност: Фејсбук, на пример, вели дека “помага да се поврзете и да споделите со луѓето во вашиот живот”. Твитер тврди дека ви овозможува да се “поврзете со вашите пријатели и други фасцинантни луѓе”.
Овие тврдења не се невистинити, туку само една страна од приказната. Маркс би рекол дека тие се идеологии кои ја преувеличуваат или, како што вели, “фетишизираат” употребната вредност, за да го одвлечат вниманието од разменската вредост – од фактот што компаниите за комуникација прават многу многу пари. Затоа Маркс сè уште е битен, затоа што живееме во еден капиталистички свет на комуникации и многу форми на комуникација шираат идеологии и се организирани како профитни бизниси.“ – Christian Fuchs (
Reading Marx in the Information Age).

 

 

| 2018-06-18T09:16:03+00:00 18 јуни 2018|Актуелно, Видео / Фотографија|