Годишнина од детонирањето на нуклеарните бомби во Хирошима и Нагасаки

Печуркастите области на атомските бомби во Хирошима (лево) и Нагасаки (десно)

На 6 Август 1945 година воените сили на Соединетите Американски Држави исфрлија две нуклеарни бомби во Јапонија. Едната нуклеарна бомба го уништи градот Хирошима а другата Нагасаки. Нуклеарните бомби беа разорни за населението што се покажува со фактот дека умреа повеќе од 200.000 луѓе од експлозијата на бомбите. Во Јапонија овој ден е сè уште ден на национална жалост иако изминаа 75 години од ударот на бомбите.

Генералот Ајзенхауер подоцна изјавил дека исфрлањето на болбите не било потребно за извојување на победа во војната со Јапонија, но, тогашното империјално раководство на САД одлучило сепак да ги исфрли за да може да се заплашат нивните источни „сојузници“, односно Сојузот на Советските Социјалистички Републики (СССР). На крајот на Втората светска војна кога Царството Јапонија било подготвено да потпише безусловна капитулација сепак било одлучено да се исфрлат за да можат да се заплашат сојузниците.

До денес жртвите немаат добиено репарации од САД за користењето на смртоносното, но и крајно нехумано оружје искористено во Втората светска војна од страна на Армијата. Повеќето од жртвите од бомбите беа цивили, односно жителите на градовите Хирошима и Нагасаки и нивните околини. Разорното дејство на ова ново оружје во тој период од човековата историја било прочуено насекаде, како заради неговата крајно несразмерна моќ, така и за зацврстување на новата глобална геостратешка позиција на САД.

Подоцна се отворија дебати и дискусии за затворање на погоните за производство на нуклеарно оружје од страна на сите светски сили, но империјализмот, колонијализмот и милитаризмот дозволија во светот сè уште да се произведуваат нуклеарни оружја, истите тие да се подобруваат и усовршуваат наместо да се уништат.

Денес на 75 годишнината од смртта на повеќе од 200.000 луѓе од нападот може да се каже дека човекот и општеството многу малку учат од историјата. Учењето подразбира повторно дискутирање за болните проблеми кои оставиле длабоки траги кај целокупното население – војните и природните катастрофи, но и признавање на грешките и конечно, обид за исправање на неправдите. Слава им на жртвите. Смрт на фашизмот, слобода на народот.

Никола Шиндре

|2020-08-06T14:21:27+00:006 август 2020|Актуелно, Вести, Свет|