Ебру Тимтик почина од штрајк со глад

Ебру Тимтик

Вчера, на 27.08.2020 загина и Ебру Тимтик, адвокат и социјалистички борец. Ебру Тимтик беше адвокат и член на Асоцијацијата на современи правници. На 12.09.2018 година, претседателот на асоцијацијата заедно со неколку членови беа затворени и осудени вкупно на 159 години затвор поради наводна вмешаност со DHKP – C (револуционерна партија за народно ослободување).

Адвокатите Ебру Тимтик и Ајтач Унсал беа обвинети дека се членови на DHKP – C и дека нивната задача е да бидат курири помеѓу герилското крило и останатите членови на DHKP – C. Ебру доби затворска казна од 13 години и 6 месеци, а додека пак Ајтач, 10 години и 6 месеци.

Ебру и Ајтач почнаа да штрајкуваат со глад. Нивните барање беа да власта престани да ги прогонува со политички монтирани случаи и да ги ослободни, односно како што велат тие, при судењата да има фер пристап. Ебру, вчера на 27.08.2020, на 238 ден од нејзинот штрајк со глад го изгуби својот живот. Ајтач се уште ја води борбата.

За смртниот пост како метод на отпор на турските социјалистички борци јавноста дозна со смртта на Хелин Болек и Мустафа Кочак, а потоа и на Ибрахим Гокчек. Хелин, Мустафа и Ибрахим беа членови на групата Јорум, кои протестираа со глад за да се отстрани забраната за одржување на концерти  и за ослободување на нивните другари од затвор, а всушност се политички затвореници. За само еден месец, загинаа и тројцата, Хелин, Мустафа и Ибрахим и станаа симбол на борбата и истрајноста не само во Турција туку и во многу други земји. Но, за жал, смртта не застана тука.

Вечна им слава на борците за поправедно и подемократско општество кои што ги дарија своите животи за да успеат идните генерации во борбата за слобода.

 

Пишува: Џејлан Велиу

|2020-08-31T11:09:39+00:0028 август 2020|Актуелно, Вести, Свет|