Прва самостојна изложба на Душан Стефановски

 

На 3 Јуни, 2020 година во галеријата на Младинскиот културен центар во Скопје се отвори дипломската изложба на новодипломираниот ликовен уметник Душан Стефановски. Тој дипломира во класата на професорот Зоран Јаќимовски, на отсекот за графика на Факултетот за ликовни уметности при Универзитетот „Кирил и Методиј“.

Стефановски е млад уметник кој користи разни техники на израз низ својата работа. Познат е по пост-графити, но неговите дела ја надминуваат т. н. улична уметност и во нив може да се препознае засебен стил и израз препознатлив за Душан. Потиснувањето на потенцијалот, сокривањето на одредени наши мисли и ставови и одмолчувањето пресликани низ уметноста можеби навистина ќе допрат до поголемиот дел од публиката.

Погледнете дел од неговите дела доколку не бевте во можност да ја посетите изложбата.