Во сеќавање на Клемент Мерик

Клемент Марик

На денешен ден – 5 Јуни, 2013 година е убиен антифашистот и синдикалецот Клемент Мерик од страна на неофашистите во Париз. Мерик и некои од неговите другари антифашисти се пресретнале со група на фашисти на распродажба во продавницата за облека „Фред Пери и Бен Шерман“, која што е популарна и помеѓу антифашистите и помеѓу фашистичките скинхедс.

Покрај тоа што физички бил доста помал од неонацистите, тежел само 66 килограми и се опоравувал од леукемија, наводно 18 годишниот Мерик почнал да ги зафркава. Настанала тепачка во која што Мерик бил удрен во лицето пет пати со метална боксерица пред да избегаат неонацистите.

Мерик беше член на анархо-синдикалната „ЦНТ Унија“ и беше активен во движењата за права на ЛГБТИ заедницата и мигрантите. Неговите убијци беа дел од фашистичката група „Трет пат“. Двајца од нив беа осудени на 11 и 7 години казна затвор во 2018 година, но едниот од нив беше ослободен по 55 дена обжалувајќи ја пресудата.

Во годините по неговата смрт, илјадници луѓе се собираа за да протестираат во негова чест околу датумот на годишнината од неговата смрт, а беа адресирани и од индивидуалци, вклучувајќи ја и Аса Траоре – сестрата на Адам Траоре, млад Французин – црнец кој беше убиен во 2016 година од страна на француската полиција.

Десетици илјади луѓе повторно излегоа на улиците во Франција последниве денови барајќи правда за Адам, како и за Џорџ Флојд, невооружен црнец убиен од полицијата на САД.

 

Превод: Никола Шиндре

Извор: Working Class History

|2020-06-05T10:41:33+00:005 јуни 2020|Актуелно, Култура, Свет|