АртАртеа – тродневен фестивал на спој од различни уметности

СКОПЈЕ, 19.12.2017 – Од 22 до 24 декември во Скопје во Кино Култура во организација на издавачката куќа Бегемот, ќе се одржи културниот фестивал АртАреа – Културна артерија на градот. Фестивалот има за цел да ги поврзе различните уметности како што се, книжевноста, филмот, театарот, музиката, поетските перформанси, архитектурата, фотографијата, анимацијата и ракотворството.

Во текот на трите фестивалски денови, ќе бидат претставени одбрани плодови на десетици културотворци.

Во фестивалот учествуваат издавачките куќи Бегемот, Или-или, Темплум, Готен, Антолог, Слово, Табахон, Три, Блесок, Мераноја, Галикул и други. Главен партнер на настанот е Кино Култура, кадешто и ќе се одржуваат настаните. Во рамките на фестивалот ќе има и саем на книгата, базар на ракотворби и изложба на фотографии, џез концерт, дискусии, музичко-поетски перформанс, театарска претстава и други настани, чијшто влез е бесплатен.

„Вљубениците во еден од неколку од овие изразни медиуми ќе откријат непознати убавини другаде, каде што не ги побарале. Во текот на трите фестивалски дена ќе бидат претставени внимателно одбрани плодови на десетици културотворци“, велат организаторите.

Целосната програма на фестивалот е достапна на овој линк.

|2017-12-19T13:17:32+00:0019 декември 2017|Актуелно, Вести, Култура|