Заврши „Квир бунтот“ во „Дуња“

Вчера на 26.6.2021 година се одржа и заврши настанот насловен како „Квир бунт“ во Социјалниот центар „Дуња“ во Центарот на Градот Скопје. На настанот имаше педесетина гости кои сакаа да се дружат во пракса преку зелени начини начини на дружба – користење на стаклени флаши и чаши, преку квир модуси – јасно и гласно изразување на љубов кон своите другари и комунистички начини на дружба – преку разговори и дискусии за можните нови општествени договори, економски уредувања и нови начини на креирање политики.

Забавата започна во 18:00 часот затоа што е одговорно кон нашите соседи глазбата да заврши порано, а не да трае до доцна во ноќта и да ги вознемирува сите. Гостите не гласни возила на коловозот, туку идни одговорни граѓани. Забавата започна со џем сесија со Иво и Лука, а продолжи да трае со музиката на Ј△M. Изведувачите пријатно ја забавуваа публиката и гостите до 21 часот кога согласно ставовите на колективот за заштита од звучно загадување беше пуштена проекцијата на филмот „Paris is Burning“ за да можат гостите да одморат од забавата и топлиот ден.

Настанот како што беше најавено заврши до 23:30. Подолу е текстот од зинот на овој настан за објаснувањето на зборот „квир“ и прекрасна галерија од девет фотографии од самиот настан. Уживајте.

Што е квир и зошто квир?

Квир е комплексен збор, исто како и квир
историјата и како нашата заедница. За разлика од,
на пример, зборовите геј или лезбејка кои имаат
прилично ригидни дефиниции и интерпретации,
квир е флуиден — менлив. Квир може да премине
од придавка, во именка и во глагол. Исто како што
ние сме комплексни и менливи и никогаш еден
конкретен идентитет не може прецизно и целосно
да нè опише, и зборот кој нас нè опишува е таков.

Како именка, квир е ознака за одреден замислен
идентитет и припадност. На почетокот, а можеби и
сè уште за некои, квир бил дерогативен,
навредлив, термин. Термин кој ги означува оние
кои не припаѓаат и кои се отфрлени од
општеството. Но, како бунт, ние го преземаме овој
термин и го користиме самите. Прифаќајќи го
нашето неприпаѓање во едно репресивно и
брутално општество.

Ќе приметите дека досега, иако прашањето е „Што
е квир и зошто квир?“, го немаме дефинирано
овој термин. Квир е всушност идентитет без
суштина. Квирот е дефиниран според една
позиционалност; според еден антагонизам —
квир е сè она што е во спротивност и во
опозиција на нормалното, на легитимното и на
доминантното. Тоа е всушност улогата на квир
како придавка — опишувајќи ја променливоста
на квирот и антагонизмот помеѓу нормалното и
абнормалното кој го претставува. Токму во тоа е и
вредноста на квирот. Бидејќи, за разлика од ЛГБТ+
идентитетите и микро-идентитетите, тој го
предизвикува статус квото и ја предизвикува
самата легитимност на дистинкцијата помеѓу
нормалното и абнормалното. За разлика од ЛГБТ+
идентитетите, тој не нè разделува и оттуѓува, туку
нè сплотува; нè сплотува во бунт против
цисхетеронормативното општество. Квирот,
понатаму, ги вклучува сите „абнормални“
општествени и сексуални форми — како BDSMот,
сексуалната работа и немоногамијата. Тој може да
вклучува и хетеросексуални форми кои се
поттиснати, бидејќи хетеронормативноста е
всушност специфична форма на
хетеросексуалноста (брак, моногамија, родова
нееднаквост итн.). Така што, квирот ја разбира и
вклучува интерсекционалноста.

Најпосле, квирот како глагол — да се направи
нешто квир (queering) — значи да се
дестабилизираат доминантните наративи и
разбирања како и норми. Да се примени критичко
размислување кон родот, сексот и сексуалноста.
Тоа е и нашата задача.

Поради сите овие причини, ние сме квир. Поради
овие причини го прифаќаме квир бунтот, а не
асимилацијата.

 

|2021-06-27T12:51:49+00:0027 јуни 2021|Актуелно, Вести, Култура|