Загадувањето на воздухот во Боливија паднато за 70% по само еден ден без автомобили


Колумбија, 04.09.2017 – Нивото на загадување на воздухот значително се намали во боливиските градови за време на денот поминат без автомобили. Станува збор за настан започнат пред 18 години во Кочабамба, еден од најзагадените градови во Латинска Америка.

„Загадувањето на воздухот се намали за 60-70%, бидејќи 70% од нашите загадувачи на воздухот се возила,” објаснува Соледад Делгадиљо од општинската власт на Кочабамба.

Овогодинешното мото е „оставете зелена трага во Кочабамба.”

Во 2011 година, Боливија прогласи годишен „Ден на пешаците и велосипедистите во одбрана на Мајката Земја,” забранувајќи ги сите не-итни возила од улиците на градовите.

Директорот на добротворната организација PAAC, Хорхе Мартин Виларроел, посочи дека, „разликата во квалитетот на воздухот е забележлива. Загадувањето падна на речиси нула додека вообичаено може да се достаса до 100 делови на кубен метар.”

Минатиот петок Кохабамба ја отвори својата втора патека резервирана само за велосипеди и пешаци.

„Нашите планови за иднината вклучуваат претворање дел од центарот во област само за пешаци, и се надевам дека ќе се здобијат со градски јавен велосипедски систем како и другите градови. Работевме со општината за да се донесе закон за промовирање на велосипеди, заедно повлеквуајќи повеќе од 1.000 потписи за поддршка. Успеавме да ги обединиме луѓето кои возат велосипеди во вистинско лоби за притисок врз градот и за да се постават велосипедски ленти и правци“, рече Виљароел.

Кочабамба сега има три пешачки денови во годината, вклучувајќи го и националниот ден, додека Потоси има четири.

„Имаме толку многу блокади и демонстрации, сакаме да поттикнеме позитивно преземање на улиците од страна на граѓаните,” вели Џесика Нието од владата.

„Пешачкиот ден ги надополнува зебрите кои ги бранат правата на пешаците,” додава таа.

Зебрите се млади луѓе, именувани по пешачките премини, кои се ангажирани да се облекуваат како зебри и да го следат сообраќајот во главниот град Ла Паз, во кој беше вклучени и спортот за време на пешачкиот ден оваа година.

„Нашиот најголем проблем е скокот во потрошувачката на пијалаци и храна спакувани во пластични кеси и пакувања за еднократна употреба”, истакна Делгадило за време на спроведувањето на пешачкиот ден.

„Но позитивните страни ги надминуваат негативните. Тоа ни дава одлична можност да направиме еколошко образование за климатските промени и заштитата на животната средина, бидејќи луѓето многу уживаат во тоа,” додаде Делгадиљо.

Во Македонија изминатите неколку години стапката на загаденоста на воздухот е алармантно висока. Скопје, Тетово и Битола се меѓу најзагадените градови. Група на граѓани се обидоа да направат поширока граѓанска алијанса за подобрување на ситуацијата.

Најзабележителна е групата На точак, која е составена од ентузијасти за промовирање на велосипедскиот превоз, подобрување и изградба на нови велосипедски патеки и зголемување на безбедноста за велосипедистите во сообраќајот. Оваа група се прошири во повеќе градови низ државата и преку своите акции функционира како лоби група за промовирање на велосипедизмот, здравиот живот и чистиот воздух.

Останува да видиме дали на претстојните избори некои од кандидатите за градоначалници ќе ги подржат мерките на активистите. Меѓународните примери, како оној од Колумбија, недвосмислено покажуваат дека овие активности даваат видливи резултати.

|2017-09-04T11:06:57+00:004 септември 2017|Актуелно, Вести, Свет|