СКОПЈЕ, 13.06.2018 – Премиерот Зоран Заев назначи седум членови на Комисија за продажба на земјоделско земјиште во државна сопственост. Меѓу нив е назначена и неговата посебна советничка за административни прашања, Љупка Цветкова. Решението за новоназначените советници за продавање на државно земјиште е објавено во најновиот број на Службен весник.
Од владата за агенцијата Макфакс потврдија дека посебната советничка за администрација, Љупка Цветкова е именувана за член на Комисијата за продажба на државно земјоделско земјиште.
„Љупка Цветкова е дипломиран земјоделски агроном со запишани магистерски студии на Факултетот за земјоделство“, се вели во потврдата од владата.
Освен месечниот надомест од 50.000 денари нето кој Цветкова го добива за ангажманот посебен советник за административни работи, таа за новиот ангажман ќе добива хонорар во висина од две месечни просечни плати вкупно на годишно ниво.
СДСМ, партијата којашто ја започна приватизацијата во Македонија по осамостојувањето и после толку години продолжува со доприватизирање и на она малку што остана во државна сопственост.
Не е ни чудно што се назначува ваква Комисија на советници за продажба на државно земјоделско земјиште во екот на преговорите за името.