Задругите заслужни за 10% од вработеноста, покажува ново истражување

Меѓународната организација за индустриски и услужни задруги CICOPA на 27 септември го објави вториот годишен глобален извештај „Задругите и вработувањето.“ Според студијата, задругите се заслужни за 10% од вкупните вработувања во светот денес.

Генералниот секретар на CICOPA, Бруно Ролантс по тој повод изјави:

„Вботувањето е еден од најважните придонеси од страна на задругите ширум светот. Овој извештај покажува дека луѓето кои се вклучени во задругите претставуваат доволно висок процент за да се сметаат за битен актер во ’Програмата за одржлив развој на Обединетите нации’ 2030 година, како и во светската дебата за ’Иднината на работата’ што ја започна Меѓународната Организација на трудот. Покрај тоа, намерата на студијата е да ја подобри методологијата и нивото на квалитет на статистика во задругарството. Ова е особено навремено, бидејќи во 2018 година ќе се одржи следниот  Меѓународен конгрес на статистичари за трудот. Јавните власти и кооперативното движење треба да посветат особено внимание на овој претстоен настан.”

Извештајот посветува особено внимание на придонесот на задругите кон подобрување на работните услови во неформалната економија:

  • Луѓето кои работат во неформалната економија кои се здружуваат во штедни и кредитни задруги, задруги за заемно осигурување, повеќенаменски задруги и потрошувачки задруги имаат полесен пристап до кредити, образование и обука, достапни стоки и услуги за задоволување на нивните основни потреби и одредено ниво на социјална заштита базирана на солидарност и взаемна помош.
  • Самовработените производители и претприемачи кои се приклучуваат на заеднички сервисни задруги добиваат пристап до разни услуги кои им помагаат да постигнат економии на обем и повисока моќ за договарање.
  • За самовработените работници и хонорарците, чиј што број во последниве децении значително се зголеми, кооперативите можат да ги користат синдикатите или членските организации како алатка за нивна организација, но исто така може да обезбеди иновативни модели кои би можеле да гарантираат и флексибилност и заштита.
  • Работничките задруги, кои имаат за цел да обезбедат пристојни работни места на своите работници, може да бидат директно решение за формализирање на неформалното вработување.

Сепак, за целосно да се остварат потенцијалните придонеси на задругите, потребно е „поволно опкружување и соодветна правна рамка” и „кооперативниот модел треба да биде подобро објаснет за синдикатите, организациите членки, невладините организации и локалните власти”, се заклучува во извештајот.

|2017-10-04T09:29:47+00:004 октомври 2017|Актуелно, Вести, Економија, Свет|