За договорот со Бектел

Неколку поенти околу срамниот договор со Бектел. Се покажа:

  1. Дека нашиот американски империјален господар не’ третира како типична потчинета земја од глобалниот Југ (без разлика на филмањата кај нас дека ние тоа не сме).
  2. Дека од негова гледна точка секогаш интересите на американскиот капитал ќе имаат приоритет пред какви било правни норми во земјата-вазал.
  3. Дека СДСМ во своето вазалство кон САД се посра и на наводната посветеност на работничките права и на владеењето на правото. 60 часа работна недела, АЛОООО!
  4. Дека сите овие реакции за склучувањето на договорот без тендер се напразни. Кога Кале ќе рече дека нема ништо спорно – нема ништо спорно!

Продолжете си со вртењето во круг околу спорот со Бугарија. Се’ додека за вакви работи само се коментира по асоцијалните мрежи и толку – подобри се работите отколку што сакаме да си признаеме.

Освртот е преземен статус од фејсбук профилот на Здравко Савески.
|2021-07-08T17:09:30+00:008 јули 2021|Актуелно, Вести, Став|