ЈЕМЕН, 14.06.2018 – Коалицијата на Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) поддржана од САД, пред 3 дена бомбадираше новоизграден центар за третман на колера во Јемен воден од страна на „Доктори без граници (ДБГ)“. Овој воздушен напад доаѓа откако сиромашната земја Јемен настрада од најсериозната епидемија на колера во историјата.
Нападот се случува откако Јемен, која е најсиромашната земја на Блискиот исток, настрада од најголемата епидемија на колера во запишаната историја, за која само во 2017 биле пријавени повеќе од милион случаи.
Центарот за третман на колера беше раководен од хуманитарната организација „Доктори без граници (ДБГ)“. Тој се наоѓал во Хаџа Говернорате, во севернозападниот дел на Јемен, локација која е мета на тешко бомбардирање од страна на Саудиска Арабија повеќе од три години.
Од ДБГ изјавија дека центарот за третман на колера имал ознаки на кровот кои јасно го идентификувале како здравствена установа. Додадоа дека центарот е сега потполно уништен и не е во функција.Саудиската коалиција поддржана од САД има бомбардирано здравствени установи повеќе пати во Јемен, вклучувајќи и неколку одржувани од ДБГ.
Хуманитарната организација објави фотографии на кои се гледаат последиците од воздушниот напад.
Жоао Мартинс, кој раководи со работата на ДБГ во Јемен, рече дека воздушниот напад “покажува целосно непочитување на медицинските установи и пациентите”.
„Без разлика на тоа дали е (бомбардирањето) со интенција или е резултат на немарност, потполно е неприфатливо. Комплексот беше јасно обележан како здравствена установа а неговите координати беа споделени со СЕЛК (Саудиско-емиратската коалиција)“, рече тој.
Во овој напад немаше цивилни жртви.
Но, во минатото, Саудиска Арабија бомбардирала повеќе болници и други медицински установи раководени од „Доктори без граници“, убивајќи десетици цивили. Во некои од нападите се користела стратегија во која американско-саудиската коалиција напаѓала два пати на исто место, за да е поефикасен нападот. Воената коалиција го бомбардираше Јемен од март 2015 година, во обид да го уништи бунтовничкото движење на Хутите.
Иако коалицијата е формално предводена од ОАЕ и Саудиска Арабија, таа ужива значајна поддршка од САД и Велика Британија. И двете држави имаат потрошено стотици билиони долари во тргување со оружје со режимите од заливот. Она што е уште пострашно е тоа дека американски авиони ги снабдуваат со гориво саудиските воени авиони, и американски и британски воени лица присуствувале и физички во командниот центар за бомбардирањето од Саудиска Арабија. Илјадници цивили се убиени од Саудиски воздушни напади, што ја има уништено Јеменската цивилна инфраструктура.
Поради војната, здравствениот систем на Јемен е во тотален колапс. Во покраините на Јемен, само помалку од половина од здравствените капацитети се’ уште функционираат, а илјадниците медицински лица не се исплатени повеќе од една година.
Светската здравствена организација на Обединетите Нации даде извештај во Декември според кој бројот на можни случаи на колера во Јемен пораснал до неверојатен 1 милион, а сега оваа страшна бројка е уште поголема.
И покрај оваа неспоредлива хуманитарна криза, Обединетите Арапски Емирати вршат притисок за зајакнување на војната во јужнозападниот дел на Јемен. Коалицијата поддржана од САД се обидува да го нападне пристанишниот град Ходеида, но Обединетите нации за оваа акција предупредија дека може да доведе до голема катастрофа, во која милиони цивили ќе гладуваат.
Извор: https://grayzoneproject.com