СКОПЈЕ, 11. 12. 2021 – Утре, во недела, на 12.12.2021 година, во Скопје, ќе се организирани работнички протест од страна на Сојузот на синдикати на Македонија. Протестот ќе започне во 12:12 часот пред зградата на Сојузот на синдикати на Македонија.
Предизвикани и поттикнати од актуелната општествено економска социјална состојба, недостатокот на слух од страна на Државните институции за навремено поднесените барања на ССМ како единствен репрезентативен синдикат во Државата, Сојузот на синдикатите на Македонија повикува и организира протест заради исполнување следните барања:
- Усвојување на измените и дополнувањата на Законот за работните односи со кои се прогласува недела за ден на неделен одмор согласно договореното на Економскиот – социјален Совет по пат на социјален дијалог .
- Измена и дополнување на Законот за минимална плата со која ќе се спречи минималната плата да изнесува под 60 % од просечната плата ,односно истата да се зголеми најмалку на 18.000,00 денари и да се предвиди решение со кое и останатите плати ќе го следат растот на минималната плата.
- Потпишување на Општиот колективен договор за јавен сектор.
- Потпишување на Општ колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството.
Протестот започнува на 12.12.2021 година во 12:12 часот пред зградата на Сојузот на синдикатите на Македонија во Скопје, а учесниците ќе се движат од зградата на Сојузот на синдикатите на Македонија кон Собранието на Република Северна Македонија, каде што ќе бидат упатени барањата на работниците, а потоа ќе продолжи кон седиштето на Организацијата на работодавачи на Македонија и Стопанската комора на Македонија каде што ќе бидат упатени барањата од протестот.
Во наредниот период, а во зависност од резултатите и брзината на преговорите помеѓу ССМ, Собранието, работодавачите и Владата, ССМ ќе повика на Генерален Штрајк кој ќе продолжи преку изразување на разни форми на изразување на работничкото незадоволство и синдикален притисок, на начин определен од страна на штрајкувачки одбор.