Владата на Велика Британија го форсира несигурниот модел на т.н. јавно – приватно партнерство

Carillion[1] покажа колку е катастрофален моделот на јавно-приватни партнерства во В.Б, но и оваа влада ги „извезува“ истите надвор – Пишува Jenny Nelson

Британскиот здравствен сервис повторно страда од тешка зимска криза каде времето на чекање за интервенција дојде до девет години, до таа мера да 55 000 неургентни интервенции се откажани овој месец со цел ослободување од притисокот. За да се додаде на постоечкиот притисок Carillion кој како огромен приватен доставувач за NHS (Националниот здравствен сервис) банкротираше отворајќи прашања за тоа кој сега ќе услужува во делот на витално чистење и во делот на сервисите за одржување, како и во делот на неколкуте идни огромни проекти во делот на изградба на болници.

Barts health, во источен Лондон доби приватна инвестиција од 1.1 милијарда фунти, но го остави јавниот сектор во долг за да плати 6 пати повеќе или 7.2 милијарди фунти помеѓу 2007 – 2048

Кризата во Националниот здравствен сервис беше создадена од владиното ниско финансирање на јавниот здравствен сервис како и приватизацијата и маркетизацијата на здравствените сервиси што на крајот ги остави здравствените сервиси во една фрагментирана форма, а профитите беа испумпани надвор од здравството. На фронтот додека се обидуваат да се соогласат со владините кратења, болниците исто „крварат“ за да исплатат огромни долгови кон приватните компании (инвеститори).

Ова се разултатите од катастрофалното Јавно-приватно партнерство. Моментално владата на Велика Британија се обидува да го извези моделот надвор.

Јавно-приватните партнерства се финансиски шеми преку кои приватната компанија ќе изгради јавна зграда користејќи приватни кредити и потоа ја изнајмува на властите на неколку децении. Тие беа прикажувани и охрабрувани како начин да се намали јавниот долг на владата. Но се покажа дека јавно-приватните партнерства се катастрофални бидејќи инвестицијата од корпорациите вклучува заеми по многу повисоки стапки компаративно со заемите кои ги земаат владите. Една болница (Barts Health[2]) доби иницијална приватна инвестиција од 1.1 милијарда фунти, за на крајот јавниот сектор да плати шест пати повеќе – 7.2 милијарди фунти од 2007 – 2048. Дури и со ваков подмолен/профитабилен договор приватниот инвеститор што ја изгради болницата бараше промена на договорот за да го направи „поповолен“. Владата на Велика Британија продолжува со политика за нови јавно-приватни партнерства познати како PF2[3] од 2010-2015, четири нови компании беа договорени со инвестиција од 1.1 милијарда фунти (далеку помалку од 62 компании со договорена сума од 8.5 милијарди од 2004-2009). Моментално многу министри ги осудуваат т.н. јавно-приватни партнерства. Во други земји ова би се нарекувало грабеж, а кај нас се нарекува јавно-приватно партнерство – рече Борис Џонсон по огромните трошоци за лондонската подземна инфраструктура додека беше градоначалник на Лондон. Загрижувачки, вакви шеми сега активно се промовираат од надворешната канцеларија на Борис Џонсон во осиромашени земји низ светот. Истражувањето спроведено од Jubilee Debpt Campaign најде податоци дека надворешната канцеларија е една од четирите владини оддели на Велика Британија што менторираат приватно финансирање на здравстото за земји како Замбија и Либерија, ставајќи ги во ризик од огромна неправда и неисплатливи долгови.

Во Перу надворешната канцеларија на Велика Британија водеше проект „користење на искуството на Велика Британија во јавно-приватните партнерства во здравството, за да ја развие рамката на тендеризирани проекти во Перу“. Проектот беше финансиран со парична помош од Велика Британија.

Две болници се отворија во Перу со тотална инвестиција од 126 милиони долари. Постоеја две транши за исплата на трошоците – 11.1 милион годишно за 15 години, потоа 9.8 милиони годишно за седум години. Ова пресметано во камата е 11.1% додека владата на Перу може да се задолжува по стапка од 6% преку деноминирани обврзници.

Оваа недела петиција е испратена до Министерството за здравство во Велика Британија во која се бара итно запирање на промоцијата на овој погрешен модел кон земји од југот.

Голем број на групи низ светот се во кампања да го откријат овој скандал. Оваа зима 146 НВО организации објавија манифест во кој бараат западните влади, Светска банка и другите развојни банки да запрат со приоретизација на јавно-приватните партнерства пред традиционалното јавно кредитирање во делот на финансирање на социјални сервиси и економска инфрасктруктура.

Се’ до пред скоро јавно-приватните партнерства беа ограничени на развиените економии – вели Maria Jose Romero од Европската мрежа за долг и развој.

– Но сега тие агресивно се промовираат на земјите од југот како одговор на недостатоците во финансирање на развојот. Овој опасен тренд значи дека земјите кои се најранливи кон долг и на кои најмногу им треба развој, се оседлуваат со скапи, со многу висок ризик, недемократски и неодговорни проекти. Поради оваа причина новата болница во Лесото (Leshoto) чини три пати повеќе од таа што ја замени и голтна четвртина од здравствениот буџет на земјата.

Превод од англиски: Дамјан Божиноски

Линк до оригиналотhttps://newint.org/blog/2018/01/18/UK-exporting-PPPs

Референци:

[1] https://en.wikipedia.org/wiki/Carillion

[2] https://www.bartshealth.nhs.uk/

[3] https://www.gov.uk/government/publications/private-finance-2-pf2

|2019-04-24T12:36:38+00:0024 април 2019|Актуелно, Вести, Свет|