Утре ќе се одржи протестен марш против урбаната мафија во Тафталиџе

СКОПЈЕ, 04.07.2017 – Граѓанската иницијатива „Зелено Тафталиџе“ со цел презервација на населбата и општината од урбаната мафија утре повикува на протестен марш, како што велат на иницијатива на граѓаните и жителите на населбата

„Секојденвно се повеќе и повеќе сме сведоци на ирационалните одлуки и постапки на претставниците на општина Карпош како институција“, пишуваат на својот фејсбук профил од граќанската иницијатива.

Тие најавуваат дека, маршот ќе започне на паркингот кај „Асиба“, на улицата „Лондонска“ во 19:00 часот, а оти веднаш потоа ќе се продолжи долж улицата „Варшавска“, поминувајќи го СУГС „Георги Димитров“ се до комплексот „Настел“, кој пак ќе се заобиколи и по улицата „Прашка“ демонстрантите ќе се упатат кон паркот на улицата „Букурешка“.

Граѓаните на населбата „Тафталиџе“ се револтирани од масовното и насилно „урбанизирање“ на населбата од страна на градоначалникот Стефче Јакимовски. Тие велат дека, моментално во населбата се градат повеќе од 25 висококатници на сметка на уништување на зелената површина. Бараат од општината да се изнајде решение за тековните проблеми со кои се опкружени, но како што велат од „Зелено Тафталиџе“ веќе подолго време наидуваат на ирационални одлуки од страна на општината.

„Поканете ги пријателите и најблиските и приклучете се во будењето на населбата“, повикуваат од иницијативата.

Текст и фотографии: Сенада Ибраимова

|2020-05-22T07:36:45+00:004 јули 2017|Актуелно, Вести|