Турската влада после Дарвин, удира и по Карл Маркс

 

ТУРЦИЈА, 25. 09. 2017 – Турската влада донесе одлука да ги повлече лекциите за Карл Маркс од средношколските наставни програми, пренесува Сол Интернешнал. Лекциите на Огист Конт, Карл Маркс, Емил Диркем и Макс Вебер беа воведени во учебниците по социолигија минатата година. Меѓутоа, за учебната година 2017 – 2018 лекциите за Карл Маркс се повлечени.

Во јули месец, турската јавност беше соочена со уште еден парадокс што се однесува на наставните програми за основно и средно образование. Имено, беше повлечена дарвиновата теорија на еволуцијата на Дарвин. Теоријата на еволуцијата ќе се изучува во во високите образовни академски курикулими.

Не е многу различен и односот кон делото и учењето на Карл Маркс. Доколку се земе предвид дека исклучувањето на овие перспективи од образованието и понудата на една религиозна алтернатива, прави исклучување од самото право на образование. Последиците се евидентни и многу веројатни. Поголемиот дел од средношколците нема ниту да можат финансиски да покријат продолжување на нивното образование, а добар дел ќе бидат принудени да влезат во работен однос а со тоа и да немаат можност да се запознаат со делата и идеите коишто биле отстранети од нивната наставна програма во основно и средно образование.

Политичките импликации од целиов проект се исто така доста очекувани, затоа што така ќе се создава конзервативна средина којашто нема да има ниту толеранција за различниот пристап, ниту пак ќе може да се идентификува со различниот пристап и идентитет. Со тоа и демократските потенцијали на едно општество се урнисуваат, а со тоа се репродуцира една идеологија во општеството.

|2017-09-25T13:31:58+00:0025 септември 2017|Актуелно, Вести, Свет|