Трошоците за живот оваа година зголемени за 1,9%, а цените за 4,1%, соопшти денес Државниот завод за статистика.
Според соопштението на Државниот завод за статистика, најголем пораст на цените овој месец споредено со минатиот се забележува кај свежиот и замрзнат зеленчук освен компир за 5.3%, замрзнатото овошје за 1.6%, сушеното, соленото и чаденото месо за 1.5%, а месото, изнутриците, другите преработки од месо, сирењето и урдата, маслото и маснотиите, сувото овошје и јаткастите производи за помалку од 1%.
Во август, исто така, пораст на индексите на трошоците на животот е забележан и кај авионскиот превоз на патници за 21.7%, болничките услуги за 5.7%, велосипедите за 4.9%, гасот за домаќинствата за 3.8%, течните горива за домаќинствата и средствата за чистење и одржување на домаќинствата за 2.7%, течните горива и мазива како дел од опремата за сопствени сообраќајни средства, услугите за рекреација и спорт за 1.7%, градините, цвеќињата и растенијата за 1.5%, предметите за лична хигиена и здравје за 1.1%, услугите за лична хигиена за 0.9%, големите електрични апарати за домаќинствата за 0.8%, цврстите горива за домаќинствата, стаклените садови, кујнскиот прибор и другата опрема за домаќинствата за 0.5%, резервните делови и опрема за сопствен превоз, домашните миленици и сродни производи за 0.3%, облеката и услугите за одржување на станот за 0.2%.
Податоците на Државниот завод за статистика може да се преземат во целост овде, а табелите овде.