СКОПЈЕ, 11. 12. 2017 – Утре во 18.30 часот, во просториите на Социјалниот центар „Дуња“, ќе се одржи трибина со наслов „Дигитален труд – добра тезга, или нова форма на експлоатација“. Организатор на трибината е Левичарското движење Солидарност, мотивот за оваа трибина е во големиот замав на работници, коишто лебот си го вадат работејќи на интернет.
Дигиталните работници од Македонија, кои работат на различни интернет платформи ги има се’ повеќе и повеќе. Upwork, Amazon Mechanical Turk, Freelancer се неколкуте платформи, кадешто особено младите луѓе од Македонија наоѓаат социјална егзистенција.
Меѓутоа, според голем број на истражувања може да се заклучи дека, дигиталната економија станува се’ поексплоатирачка за работниците од овој сектор и нивните права. Потребата за некаква социјална стабилност ги принудува дигиталните работници често и да не ги забележуваат, односно да отидат и преку експлоатирачкиот однос.
Кој е предизвикот на дигиталните работници? Кои се проблемите со кои се соочуваат? Како да се задржат и унапредат или уназадат нивните права? Дали е можна солидаризација помеѓу дигиталните работници и слично, се дел од прашањата на кои ќе се зборува на трибината. На неа учество ќе земат Кире Василев, Ана Симовска и Адела Ѓорѓиоска.
Трибината ќе се одржи во среда во 18 часот, во Социјалниот центар „Дуња“. Организатор на овој настан е Левичарското движење Солидарност.