Здравствената криза ги направи повидливи недостатоците на капитализмот. На глобално и локално ниво овој трул систем не успева да се справи со кризата, човечките животи и работните места се губат како никогаш досега. Последиците сами по себе ја наметнуваат потребата од системски, односно револуционерни промени. Но, каде се тука работниците? Како работниците ќе ја пребродат кризата, кој ќе ги ослободи и каде ќе биде нивното место во борбата за системски промени?
Настанот беше одржан на 29.04.2021 во дворот на социјалниот центар „Дуња“.