(Видео) Што научил Маркс од двете француски револуции во 1848 и 1871 година

Според Маркс револуцијата е можна само ако се освои власта од страна на работниците и се воспостави нов систем каде што колективно ќе се контролираат средствата за производство. Тој инспириран од француските револуции, заклучил дека не е можно револуцијата да бара само поголема демократија како што барала буржоаската француска класа, туку секоја вистинска револуција мора да се бори за радикална егалитарност. Ако тоа не се случи, владеачката класа ќе нападне уште посилно и ќе го задуши секој отпор.

Париската комуна според Маркс, била епитом за социјалистичка револуционерна власт која ја порази општествената и небесната хиерархија предложена и наметната од црквата и аристократијата. Движењата како Окупирај го Вол Стрит и бунтовите во Грција и Турција се неспоредливи со француските револуции, но лекцијата од револуциите, дека барањето за демократија секогаш треба да биде поврзано со социјална правда, е се’ уште релевантно.

 

Што научил Маркс од француските револуции?

За Маркс револуцијата е можна само ако се освои власта од страна на работниците и се воспостави нов систем каде што колективно ќе се контролираат средствата за производство. Тој, инспириран од француските револуции, заклучил дека не е можно револуцијата да бара само поголема демократија како што барала буржоаската француска класа, туку секоја вистинска револуција мора да се бори за радикална егалитарност. Ако тоа не се случи, владеачката класа ќе нападне уште посилно и ќе го задуши секој отпор.Париската комуна за Маркс, била епитом за социјалистичка револуционерна власт која ја порази општествената и небесната хиерархија предложена и наметната од црквата и аристократијата. Движењата како Окупирај го Вол Стрит и бунтовите во Грција и Турција се неспоредливи со француските револуции, но лекцијата од револуциите – барањето за демократија секогаш треба да е поврзано со социјална правда – е се уште релевантно.

Posted by Glasnik.mk on Monday, 14 May 2018