Среќен роденден Сречко Косовел!

По повод роденденот на Сречко Косовел, објавуваме две негови песни.

 

Сречко Косовел

 

„Ecce homo“

Со тебе зборувам, па далеку сум ти.

Сенката порасна во илјада сенки.

Самиот себе не се разликувам во нив, не препознавам.

Како да ти кажам, каде?

Ладен пепел лежи над сенките.

Нерви измачени од апстрактните форми

на сопствената свест.

Бог. Не му го препознавам лицето.

Едно е жешко: жедта за Правда и Спасение.

Едно е свето: Едноставно и Автентично.

А, над нас

меланхолија од сиви притисоци,

починати, кои не можат да умрат.

П.С. Знам, вие не можете да разберите.

 

„Меланхолија“

В соба би се затворил,

ој затворам,

за да умрам,

ој умрам,

во тесна соба би умрел,

брату мој.

Ах, што ќе ми е мене свет,

што ќе ми е пролет!

 

Превод: Андреја Богојевска

|2020-04-11T21:03:31+00:0018 март 2020|Актуелно, Култура|