„Спас за нас“ бараат од владата ажурност за раскинување на договорите за концсии за рудници во Гевгелија и Струмица

СКОПЈЕ, 10.05.2018 – Активистите против новите рудници во југоистокот ја повикуваат владата на Репувлика Македонија (РМ) да одговори на прашањата за концесиите за рудници во Гевгелија и Струмица. Точките на дневен ред на владините седници беа поставени на 63-тата седница за дозвола за експлотација на руда во с. Иловица, Струмичко, од страна на инвеститорот „Еуромакс Рисорсис“ и на 66-тата седница за доделување на концесија за детални геолошки истражувања на минерална суровина на локалитетот с. Коњско, Гевгелија, но досега нема никакви информации и по двете точки.

Денес, граѓанската организација „Спас за нас“ од Гевгелија објави документ кој е адресиран до претседателот на владата на Македонија, во којшто бараат ажурност и позитивен одговор за раскинување на договорот со инвеститорот Друштвотото за производство, трговија и услуги Резервоар Минералс Македонија ДООЕЛ Скопје.

До денес владата на РМ нема изнесено ни една информација согласно оваа точка на дневен ред. Имајќи ја предвид важноста и чуствителноста на ова прашање за сите граѓани од југоисточна Македонија, бараме веднаш да ја информирате јавноста што е одлучено по оваа точка на дневниот ред.

Долгиот период на неинформираност предизвикуваа шпекулации, загриженост и нервоза кај граѓаните. Сметаме дека позитивно ќе одговорите на оваа наше барање.“, се вели во барањето на „Спас за нас“

На 10-ти април беше одржана 63-тата седница во која требаше да се одлучува за исполнетост на условите за доделување на дозвола за експлоатација на минерални суровини на локалитетот „Иловица“, но и по оваа точка владата одлучува да молчи. Едниствено што направи, а е поврзано со Иловица е тоа што, по барање на инвеститорот „Еуромакс Рисорсис“ ги спои двете концесии за Иловица од Ново Село и Босилово во една.

Во меѓувреме, по иницијативата на поранешниот градоначалник на општина Валандово, Николче Чурлиновски, Уставниот суд ги поништи одлуките за распишување референдум за Казандол за експлоатација на минерални сурови, донесени од Советот на општина Валандово на 3 и 10 јули 2017 година. Според судот, одлуките за референдум не можат да бидат прифатени затоа што се неуставни и незаконити, бидејќи прашањето за концесии не е од локално значење за да може локалната самоуправа да распишува референдум.

Се’ уште не е јасно зошто Уставниот суд oд толку многу барања и иницијативи за разни работи се изјасни токму за оваа иницијатива и токму во овој момент. Дел од активистите шпекулираат дека оваа одлука се донесе сега за да може да се користи како аргумент на инвеститорите за местата кадешто референдумите беа успешни  и со тоа да се направи притисок кон владата „да размисли два пати“ пред да ги раскине договорите за експлотација.

 

|2018-05-10T13:59:43+00:0010 мај 2018|Актуелно, Вести|