Ви го пренесуваме во целост преводот на македонски од ставот околу спорот со името, напишан на фејсбук од страна на Панагиотис Сотирис, генерален секретар на коалицијата на радикални леви организации Аntarsya и член на пoлитичката партија Popular Unity. Партијата се залага за социјалистички интернационализам, повлекување на Грција од НАТО, прекинување на сите воени договори со Израел, повлекување на Грција од еврозоната и реинсталирање на драхмата како национална валута.
Разбирам дека некои личности од “анти- меморандумскиот спектар” се одлучија да започнат дисориентирачки грчки танц (Tsamiko) за името на Поранешната Југословенска Република Македонија… во главно преку постојано репродуцирање на истите глупости кои што се слушаа нонстоп од „експерти“ поткупени од црните фондови на Министерството за Надворешни Работи во 1992. Глупости за непостоечка држава, за злоупотреба на името, за неодговорност, за аспирации за земање на Солунското пристаниште и други изјави од овој ранг на глупавост.
Врската со империјализмот и обновувањето на националната независност и суверенитет немаат никаква врска со чување на татковината. Името на ФИРОМ не било, не е, и никогаш нема да претставува вистински проблем за населението на Грција и населението на Македонија. Проблемот за населението на Грција, Македонија, Турција, општо за Балканот е НАТО, американската агресија како и посветеноста на владата кон неолиберализмот, во служба на олигарсите и инвеститорите. На истиот начин на кој порано вистински проблем порано беше распадот на Југославија- криминал на „Европа“ и САД- сега опасност претставува заглавувањето во подлабоки империјалистички антагонизми на новата американска агресија во секојдневните геополитички игри што тие ги водат.
Одговорот на намалениот суверенитет и на постојано растечкото мешање на ЕУ во внатрешни политички прашања како и Америчките аспирации, не треба да се бара и наоѓа во крикови на омраза кон соседна земја (и кон еден народ кој многу страдал од ненаситни лидери кои го експлоатираат прашањето на националниот идентитет) туку во битката за рекреирање на тоа што всушност недостасува – Левица која нема да биде знаме на опортунитет, туку ќе биде компас за промена.
Превод од грчки јазик: Лилјана Истатова