Инес Арримадас, водачот каталонската опозиција што се противи на независноста, објави дека демонстрантите треба да се воздржат од веење фашистички знамињата „пред новинарите”.
Унионистите и нивните поддржувачи излегоа на улиците на Барселона во знак на протест против заложбите за кон независност на Каталонија после контроверзниот рефередум минатата недела. Според повеќе медиуми, голем број од демонстрантите вееле фашистички знамиња од Шпанија од времето на фашистичкиот диктатор Франко. Светот го обиколија и фотографии на протестанти со познатиот фашистички поздрав.
На протестот беа фотографирани демонстранти со фашистички симболи, тетоважи и знамиња. Не се знае дали се поврзани со фалангистички групи кои датираат од диктатурата на Франко. Шпанскиот закон ги забранува таквите прикажувања ако се користат за поттикнување на акти на насилство.
Протестите повторуваат сцени од претходните денови кога во Мадрид демонстранти марширајќи со фашистички знамиња и симболите се собраа против движењето за независност на Каталонија.
Под воената диктатура на Франциско Франко од 1939-1975, сите регионални јазици и симболи биле забранети, особено во Каталонија и Баскија. Оттука, се смета дека токму оваа репресија во време на диктатурата е една од главните причини за недовербата на мнозинството каталонци кон централната власт, посебно кон десничарските партии произлезени од фашистичките власти, како што е моменталната владеачка партија во Шпанија.
Во меѓувреме, шпанскиот премиер Маријано Рахој категорично ја отфрли можноста за преговори со владата на Каталонија пред објавувањето на независноста закажано за 10 октомври.
„Сè додека нема враќање кон законитоста, сигурно нема да преговарам”, изјави тој за Ел Паис.
Каталонија која се наоѓа во североисточниот дел на Шпанија, е еден од економски најпросперитетните региони во земјата. Жителите, околу 7,5 милиони луѓе, исто така, успеале да го задржат својот национален каталонски јазик и својата национална самобитност и покрај притисоците на централните власти за претопување во времето на фашистичката диктатура.
Освен овие културни и национални аспекти, кои историски го поттикнувале движењето за независност, жителите на Барселона велат дека плаќаат преголеми даноци во Мадрид и не ја добиваат својата вредност во услугите. Незадоволството ескалираше после последната глобална финансиска криза од 2008 година која силно ја погоди Шпанија. Како одговор на кризата, повеќето влади во Европската унија ги воведоа десничарските мерки на „штедење“ со кои беа погодени огромни делови од средната и пониските класи. Наталоженото незадоволство предизвика масовни протести, популистички движења, но и будење на европските демони – национализмот и фашизмот.