Зошто зборуваме за социјална војна помеѓу облиците на живот, наместо само за „класна војна“? Јас мислам дека идејата за класна борба сè уште може да биде моќна. Но, ако има класна војна што се одвива во моментов, таа е еднострана: владејачките класи ги поробуваат и убиваат експлоатираните класи без многу возвраќање.
За да го уништите капитализмот, потребна ви е желба за борба. Да се биде работник не значи дека сте родени со оваа желба или дека автоматски ја стекнувате штом работите во фабрика или во кол-центар или кафуле. Работењето на овие места прави да се чувствувате досадно и фрустрирано. Но, капитализмот најде начини како многу ефикасно да ги канализира гневот и фрустрацијата, нудејќи потрошувачки соништа што го хранат. Во минатото, работничките движења што се бореа против капитализмот тоа го правеа, затоа што активно создаваа нови борбени култури, со целосно нивни соништа и желби.
Ова е навистина клучна поента што треба да се научи од 20 век. „Материјалните услови“ на луѓето, економските или социјалните ситуации, сами по себе, не значат ништо за делувањето. Она што е важно се нашите желби. Сè додека капитализмот нѐ вклучува во рамките на систем втемелен врз желби за потрошувачки добра и општествен статус, има малку причини да се плаши од нас. Опасноста доаѓа кога системот повеќе не ги храни тие желби. Токму ова е тоа што сега се случува во Европа на мерките за стегање на ременот. Било поради тоа што елитите повеќе не можат да си го дозволат, или затоа што мислат дека не им е потребен – или поради комбинација од двете – го тргаат повоениот килим на консумеризам и благосостојба од под нозете на милиони луѓе. Многу милиони стануваат новоисклучени, обезимотени.
А ова е опасен потег – како, на пример, кога раниот капитализам избрка милиони луѓе од нивната земја. Зошто е тоа толку опасно? Бидејќи тоа создава процеп за луѓето да развијат нови бунтовни желби кои можат да го разнишаат системот до неговиот крах. Но, тоа е само процеп, можност.
Овие опасни желби не се појавуваат од никаде. Тие треба активно да се развиваат, негуваат и шират.
Ова е извадок од книгата „Капитализам: Што е тоа и како можеме да го уништиме“. Целата книга е достапна на овој линк.