„Секое петто дете во богатите држави живее во сиромаштија“

 

ЖЕНЕВА, 15.06.2017 – Според анализата на УНИЦЕФ, секое петто дете во богатите држави во светот живее во сиромаштија. Експертите наведуваат дека недостигот од храна и образование е исто така широко распостранет проблем

Во анализирањето за подготовка на извештајот се земени 41 држава со високи и средни доходи, од Европа, Источна Азија, Океанија, Северна Америка, како и Израел, Мексико и Чиле.

Во ова истражување се укажува и на тенденции како што се намалена бременост во тинејџерска возраст и употреба на алкохол кај младите.

Најдобри резултати по неколку показатели за децата имаат скандинавските држави, Германија, Швајцарија, Јужна Кореја, Словенија и Холандија.

Шефот на УНИЦЕФ, Сара Кук, нагласува дека, повисоки приходи не значат и автоматско подобрување на ситуацијата за сите деца.

Јапонија, САД и Канада се меѓу државите со најслаби социјални и даночни политики за намалување на сиромаштијата кај децата. ВО просек, едно од осум деца во богатите држави нема сигурност при набавка на храна, соодносот е еден спрема три во Турција и во Мексико. Една третина од 115 – годишните деца од анализата немаат основни знаења за читање, математика и наука.

 

Извор:МИА

|2017-06-15T10:23:31+00:0015 јуни 2017|Актуелно, Свет|