Канцеларот на Австрија ја повикува оската Берлин – Виена – Рим да се бори против имиграцијата.
Потегот би претставувал отповикување на имигрантската политика на „отворени врати“ која Меркел ја усвои во 2015 и која разви поддршка на десничарската Алтернатива за Германија.
Кога се работи за политики на миграции и безбедност, Германија треба да влезе во сојуз со Австрија и Италија, рече министерот за внатрешни работи Хорст Сихофер во средата, што претставува развој кој би можел да биде неповолен за канцеларката Ангела Меркел.
Стоејќи до австрискиот канцелар Себастијан Курц, Сихофер изјави дека зборувал со министерот за внатрешни работи на Италија, и дека „било негова желба Рим, Виена и Берлин да работат заедно на ниво на министерствата за внатрешни работи во областите на безбедност, борба со тероризмот и суштинското прашање на имиграцијата.“
„Јас го прифатив тоа…И ќе одиме напред со оваа идеја“ изјави Сихофер на прес конференцијата во Берлин.
Курц, кој предводи десничарска коалиција, вели: „Нашиот поглед е дека ни’ треба оска која е подготвена да се бори против илегална миграција.“ Овие коментари следат откако европската поделба по прашањето на справување со имигранти беше зголемена по случајот со Аквариус, бродот за спасување на мигранти воден од страна на француско-германска добротворна организација на кој не му беше дозволено да се закотви на италијанските пристаништа.
Предложената „оска“ би ја донела Меркеловата Германија (која патем од 2014 наваму прими повеќе од 1.6 милиони бегалци) на линија на новата италијанска влада и нејзиниот министер за внатрешни работи Матео Салвини, лидер на екстремната десничарска партија, кој ја донесе одлуката за одбивање на Аквариус.
Сихофер, кој доаѓа од конзервативната баварска партија ЦСУ, со неговата изјава дека Германија треба да ги одбива мигрантите кои се регистрирани во други европски држави на граница, директно и се спротиставува на Меркел.
Тоа би претставувало одвраќање на политиката на „отворени врати“ која таа ја усвои во 2015, и која доведе до подем на поддршката за десничарската АФД (Алтернатива за Германија) и предизвика поделби и во Меркеловиот конзервативен блок.
Извор: www.haaretz.com