На 25-ти април во Албанија ќе се одржат десетите по ред парламентарни избори, откако Албанија премина на повеќепартискиот систем. Со измените на Изборниот закон од јули 2020 година, Албанија ги дозволи отворените листи како нов метод, исто така ја врати и можноста за предизборно коалицирање на партиите.
Благодарение на отворените листи, граѓаните на Албанија ќе имаат можност да гласаат не само за политичката партија што ја претпочитаат, туку и за името на кандидатот кого сакаат да го видат во новиот состав на парламентот. Нешто што би било невозможно без новите законски измени.
Овие измени убаво се одразија и врз работничката класа, бидејќи во Албанија за прв пат на парламентарни избори како независен кандидат се кандидира еден рудар.
Елтон Дебреши, кандидат за пратеник во областа Дебар е на возраст од 31 година и потекнува од градот Булќиза. Овој град на нашата јавност е познат поради протестите на рударите. Во ноември 2019 година, рударите од Булќиза одлучија да формираат синдикат, пордаи тоа што не беа задоволни од работните услови, ниските плати и воопшто отуѓувањето кое стануваше се поголемо меѓу работниците. Синдикатот беше независен од политичките партии и интересите на капталистите, а за претседател на синдикатот беше избран токму Елтон Дебреши.
Само за еден месец Елтон беше отпуштен од работа. Останатите работници на отпуштањето на нивниот колега одговорија со протести и штрајкови, додека пак Инспекторат за труд се заложи да го истражи случајот, така всушност и завршија протестите. Но, на 31 декември 2019 година, отпуштени се и тројца други работници поради синдикално организирање.
Како што може да се претпостави, Инспекторат за труд на Албанија, е ист како и оној во Македонија, односно, ретко кога застанува во одбрана на работничките права на работниците.
Елтон, претседателот на независниот синдикат на рударите овој пат се кандидира за независен пратеник. Тој има полна поддршка од рударите и угнетените слоеви во Булќиза. Бидејќи како што вели, тој ги претставува рударите и останатиот сиромашен народ. Елтон во јаните дебати и говори цврсто тврди дека ќе се бори за интересите на рударите, сиромашните и угнетените слоеви.
Во поддршка на Елтон Дебреши застана и левичарската Организата политике, која низ годините во Албанија ги поддржува работничките и студентските движења и протести.
Останува да видиме шо ќе се случи на 25 април. Дали работничката класа во Елтон ќе ја препознае згаснатата надеж и ќе му ја даде него поддршката или пак повторно ќе гласа за буржоаските партии од нив очкувајќи некои ситни привилегии. Исто така, ќе видиме каков ќе биде односот и на буржоаската држава, кога како кандидат за пратеник се појавува еден работник, односно рудар.
Подетални информации за работничките и студентските случувања во Албанија, низ левичарска призма, може да добиете на следниот линк:
https://www.youtube.com/watch?v=DmyYkT-1JnY&t=505s
Џејлан Велиу