Работниците од два ресторана на синџирот за брза храна McDonald`s (Мекдоналдс) за првпат протестираат и бараат зголемување на нивните плати и подобрување на работните услови
Како што објавува „Би-Би-Си“, работниците на McDonald`s, синџирот за брза храна, којшто влезе на Британскиот пазар во 1974 година, за првпат излегоа на штрајк. Оваа фирма има 1249 ресторани во Британија, а во нив работат 115 илјади работници.
Работниците бараат, да им се зголеми саатнината најмалку за 10 фунти (околу 670 денари), како и да им се осигура работното место во рамките на договорот. Раководителите на McDonald`s тврдат дека, на работниците им исплаќаат повеќе од просечен износ на плата и оти 86 проценти од персоналот избираат флексибилни работни услови, кои не ги гарантираат минималните работни услови.
Поддршка од членовите на Лабуристичката Партија и од синдикатот
Штрајкот на околу 40-те работници од два ресторана во Кембриџ и во Лондон, го поддржаа и членовите на опозициската Лабуристичка Партија во Британија. Лидерот на партијата, Џереми Корбин, забележа дека е на страната на храбрите работници, кои со овој штрајк за првпат забележуваат ваква историја во Британија.
Исто така, работниците наидоа на поддршка и од страна на синдикатот на пекарските работници. Претседателот на синдикатот, Ијан Ходсон рече дека, синдикатот целосно ги поддржува работниците, коишто компанијата досега неколкупати ги изневерила.
Штрајкот започна вчера, а е најавено 24 часовно штрајкување.