Работниците на „Колска“ повторно протестираат, седум месеци живеат без плата

ВЕЛЕС, 28. 09. 2017 – Работниците на велешката фабрика „Колска“ која ги проиведува и сервисира шинските возила на Македонски железници, денеска повторно излегоа на протест и го блокираа сообраќајот. Се жалат дека платите коишто им биле ветени од новата влада пред неколку месеци не се исплатени. Работниците на „Колска“ веќе седми месец немаат добиено плата.

Пред три месеци, работниците на фабриката протестираа со блокирање на сообраќајот. Тогаш, претставниците на синдикатот истакнаа дека на сметка на фабриката се легнати три милиони денари, пари кои владата им ги должи на работниците на оваа фабрика. Новоизбраниот премиер, Зоран Заев им вети дека платите ќе ги добијат, работниците на „Колска“ ја запреа блокадата на возовите.

Работниците добија само една плата и од тогаш ниту една плата не им е исплатена. Затоа тие револтирани излегуваат на протест и го блокираат сообраќајот на Македонски железници. Сметката на фабриката е блокирана од страна на УЈП. Разлозите за ова биле неплатениот ДДВ.

Оваа фабрика е единствената која се занимава со сервисирање на деловите на возовите во Македонија.

|2017-09-28T12:59:05+00:0028 септември 2017|Актуелно, Вести, Економија|