Протестите не почнуваат, туку продолжуваат

Протести 14.8.2012 година

На 14.8.2012 година беше првиот протест на движењето „АМАН“. Тоа беше движење создадено од револтот на македонските граѓани и работници против тогашните поскапувања на цената на електричната енергија и укинувањето на т.н. дневна евтина тарифа од страна на властите под водство на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ. На 6.8.2020 година, нецела декада по првиот протест на „АМАН“ и во истиот „изгор“ месец одреден дел граѓани и работници повторно се вратија на улиците за протестирање против новото најавено покачување на цената на електричната енергија, овојпат од страна на властите под водство на СДСМ и ДУИ.

Праксата покажува дека историјата се повторува. Граѓанските и работничките движење треба да почнат да учат дека власта е секогаш немилосна кога се работи за профитите на монополите и олигархијата. Граѓанските движења можеби немаат секогаш континуитет, но со сигурност треба да почнат да ја изучуваат историјата на протест, историјата на градење на идеи и историјата на бунтот, буната и неправдата. Знаењето за сиромаштијата, гладот, несигурноста и борбата треба да пренесувано од оние што изгубиле надеж на тие што до прво ќе излегуваат на протест за својата иднина.

Редакцијата на „Гласник“ одлучи да објави неколку фотографии од протестите што започнаа пред десетина дена и протестите од 2012 година за да можат граѓаните и работници кои што ќе протестираат на следниот закажан протест да се присетат на не толку далечната приказна од 2012 година и непроменетиот однос на власта спрема протестирачите.

Протести и блокади 21.8.2020 година:

Скопје – Мавровка

Извор – Duam Çair të pastër

Скопје – Палома бјанка

Автопат Тетово – Гостивар

Битола

Прилеп

Кичево

|2020-08-23T16:28:14+00:0023 август 2020|Актуелно, Вести, Видео / Фотографија|