Преведувачите во Европскиот парламент оваа недела со привремен прекин на работа покажаа дека не се согласуваат со изменетите работни услови. Овие прекини беа прецизно објавени и траеја до два часа. Во овој период, како на пример во парламентарниот клуб на Европската народна партија, пратениците преминаа на употреба само на англиски јазик. Но, според достапните извештаи, тоа не одеше баш глатко, зато што генерално гледано, парламентарците не го знаат доволно добро англискиот јазик.
Што ги поттикна преведувачите на штрајкуваат? Пред сè, продолжувањето на работното време. Имено, во текот на ланската година беше донесена одлука според која максималниот број на часови што преведувачите можат да ги поминат во преведувачката кабина се зголеми од седум на осум. Од синдикатот тврдат дека овој закон е донесен еднострано од генералниот секретар на Европскиот парламент, Клаус Веле. Во образложението на своите постапки за штрајк се истакнува дека преводот е исклучително стресна активност и дека не може да гарантира квалитетот на преводот во продолжен работен временски период. Тие се повикуваат на работните услови на колегите од Обединетите нации, коишто поминуваат максимум шест часа во кабините за преведување.
Исто така, тие се борат против одлуката на генералниот секретар Веле, според која се задолжителни шест часа превод на вечерни средби. Преведувачите бараат да се ограничи бројот на часови на четири. Исто така, се напомена дека веќе се согласиле на разни отстапки, како што е прекинување на паузата за ручек на 45 минути, иако меѓународниот стандард е час и пол. Очекувано, претставниците на европарламентарците ги оспоруваат барањата на синдикатите. Така тврдат дека деновите со осумчасовно седење во кабините е ограничено на шест во месецот, и дека 45 минутната пауза за ручек важи само за денови со пократок работен интервал. Меѓутоа, за синдикатите кои ги претставуваат преведувачите, оваа аргументација не е убедлива и тврдат дека во комуникацијата со парламентот се соочуваат со голема нефлексибилност и методи на одложување на решенијата.
Останува да се види расплетотт на оваа синдикална борба , а засега можеме да ја издвоиме поддршката за преведувачите од страна на левичарската групација GUE / NGL во Европскиот парламент.
Извор: bilten.org