Претседателот на САД отворен подржувач на неонацизмот?

Доналд Трамп (средина), водачи на неонацистите Ричард Спенсер (лево) и водачот на ККК, Дејвид Дјук (десно)

Претседателот на Соединетите американски држави, Доналд Трамп повторно ги обвини „двете страни“ за ескалацијата на насилствата во Шарлотсвил. На вчерашната прес конференција во Њу Јорк, претседателот Трамп влезе во кавга со новинарите кои бараа дообјаснување за неговиот молк. Тој повтори дека „многу страни“ се вмешани во насилството.

Станува збор за протестот, кој беше организиран од страна на неколку расистички и неонацистички движења, познати под заедничкото име „алт-десница“ во саботата, во американскиот град Шарлотсвил.

Неонацистите во вечерен марш, со факели во рацете извикувале познати фашистички и расистички слогани, како: „нема да нѐ замените,“ „евреите нема да нѐ заменат,“ „крв и тло,“ и слично. Маршот на неонацистите бил пресертнат од група на антифашистички активисти. При физичката пресметка меѓу двете групи, припадник на нео-нацистите во акт на домашен тероризам влетал со автомобил во групата на анти-фашистите усмртувајќи едно лице. Оваа вест ја шокираше американската и светската јавност.

Претседателот Трамп, на почетокот избегна да ги посочи виновниците, односно неонацистите, како и да го именува нападот како терористички, како што тоа го прави секогаш кога се случува напаѓачите да бидат муслимани.

Под силниот притисок од јавноста, тој во понеделникот сепак ги посочи виновниците. Но, во вторникот, поттикнат од прашања на новинарите, Трамп повторно ја шокираше јавноста изедначувајќи ги нео-нацистите и антифашистите и обвинувајќи ги како што рече, „сите страни“. Трамп во својата изјава отиде толку далеку што ја обвини „алт-левицата“ за иницирање на насилствата.


Подршката на неонацистите, расистите и белите националисти кои во јавноста се нарекуваат „алт-десница“ (алтернативна десница) беше клучна за победата на Трамп. Во минатото тој повеќе пати избегнуваше да се дистанцира од овие движења. Тоа беше поздравено од нивните претставници кои преку неосудата од страна на претседателот на САД, видоа јасна подршка за својата агенда.

„Алтернативната десница“ е само ново име за неонацистичките движења кои се појавуваат низ западните демократии последните години, од САД до Европа. Дел од македонската десница има отворена подршка кон овие движења, коишто имаат анти-мигрантски и шовинистички ставови.

|2017-08-16T10:36:56+00:0016 август 2017|Актуелно, Вести, Свет|