КУМАНОВО, 05. 07. 2018 – Во петок во 20 часот, во Театар Куманово, ќе се одигра претставата „Физика на тагата“. Режисер на оваа претстава е Милош Андоновски, додека пак претставата е адаптирана од романот на Георги Господинов.
Утре, петок 6 јули, Театар Куманово премиерно ќе ја изведе театарската претстава „Физика на тагата“. Драматизацијата на претставата е направена од страна на Ивана Нелковска, а во неа ќе играат: Јасмина Василева, Кети Дончевска Илиќ, Марко Трајковиќ, Нина Максимова, Горан Илиќ, Александра Пешевска и Симона Димковска. Сценографијата е на Наташа Вчкова, додека костимографијата е на Марта Јосифовска.
Автор на текстот на претставата е бугарскиот писател кој е добро познат помеѓу македонската читателска публика, Георги Господинов. Овој роман е еден од најчитаните романи во последниве години во Македонија.
Претставата ќе се игра на 6 јули во 20 часот во Театар Куманово. Поради распродадените карти за премиерата, на 7, 8 и 9 јули ќе се изведува претставата со почеток во 20 часот.