(Радио Ватикан) Папата Френсис ги повика компаниите и бизнисите да донесат повеќе млади луѓе на работните места велејќи дека принудувањето на работниците да продолжат да работат во старост е истовремено и „будалесто и кратковидо.”
Совие зборови папата им се обрати на претставниците и членовите на италијанската ЦИСЛ (CISL) – Конфедерација на синдикати – кои ги прими во Ватикан на 28.06.2017.
Папата Френсис ја опиша работата како „форма на граѓанска љубов,” која им овозможува на мажите и жените не само да заработат за живеачка и да процветаат како личности, туку и да го одржуваат светот во движење.
Но, тој истакна и дека работата не е сè и никој не мора да работи цело време. Тој исто така рече дека има луѓе кои не смеат да работат – како децата – кои мора да се чуваат од детскиот труд, болните луѓе чие право е да не работат, и стари лица кои имаат право на „правична пензија.”
И на темата за пензии, папата ги осуди „златните пензионирања” што им се дадени на некои пензионери и на оскудните пензии, што им се дадени на другите и рече, дека и двете се навреда за достоинството на трудот.
Тој, исто така, упати силен повик до работодавачите и креаторите на политики дека „општеството што ги принудува своите работници да работат премногу долго, со што ќе се задржи цела генерација млади луѓе од заземање на своите места, е глупаво и кратковидо.”
„Постои итна потреба – рече папата – за нов општествен договор за труд,” со цел да се внесат повеќе млади луѓе во работната сила.
Истакнувајќи ги „епохалните предизвици” со кои се соочуваат синдикатите во овој период од историјата, тој ги повика да бидат пророчкиот лик на општеството, да продолжат да им даваат глас на безгласните и да ги бранат правата на најфрагилните и најранливите работници.
„Во нашите напредни капиталистички општества, синдикатите ризикуваат да ја изгубат својата пророчка природа и да станат премногу слични на институциите и властите што треба да ги критикуваат. Со текот на времето, синдикатите завршија премногу наликувајќи на политички партии,” рече тој.
Другиот фундаментален предизвик за синдикатите, истакна папата Френсис, е нивниот капацитет да биде обновен и ажуриран. Не само што, објасни тој, Синдикатите мора да ги штитат оние што се во системот, исто така тие мора да ги бараат и да ги заштитат оние кои немаат права, бидејќи оние кои се исклучени од работниот свет се лишени од нивните права и се исклучени од демократијата.
Папата Францис го заврши своето обраќање со размислување за тоа како капитализмот се чини дека ја заборави социјалната природа на економијата.
„Да мислиме, рече тој, за 40% од младите во Италија кои немаат работа. Тоа е егзистенцијална периферија каде што треба да се преземе акција.”
„И жените, рече тој, сè уште се сметаат за втора класа работници; Тие заработуваат помалку и полесно се експлоатирани,” рече тој: „Направете нешто!”