„K е за Карл“ – серија од пет кратки филмови од британскиот новинар и режисер Пол Мејсон за значењето на Маркс денес. „Зошто Маркс е важен денес ?“, е прашањето што Пол Мејсон го поставува во пет кратки филмови за да го одбележи 200-от роденден на Карл Маркс. Преку Маркс, Мејсон ги истражува темите “отуѓување”, “комунизам”, “револуција”, “експлоатација” и “иднината на машините”, со цел да покаже како Маркс, кој патем го опишува како највлијателен мислител на современиот свет, останува длабоко релевантен за разбирање на нашата денешнина.