Лидерка на Мјанмар, Аунг Сан Су Кји, беше лишена од наградата за човековите права доделена од Градот Оксфорд, објави Ројтерс во средата.
Градскиот совет на Оксфорд едногласно гласаше за повлекување на доделувањето на наградата Freedom of the City за Суу Кји заради кампањата на етничко чистење против муслиманите Рохингја. Аунг Сан Су Кји, самата добитничка на нобелова награда за мир, е де-факто лидерка на Мјанмар.
Во текот на изминатите неколку недели над половина милион припадници на етничкото и религиозно малцинство Рохингја пребегнаа преку границата во Бангладеш. Су Кји негира дека има кампања за етничко чистење и ги негира извештаите за сексуално насилство врз жените Рохингја.
Членовите на советот изнесоа мислење дека репутацијата на Оксфорд е „оцрнета”, бидејќи моралниот интегритет Аунг Сан Су Кји како лауреат на Нобеловата награда за мир е оцрнет по нејзиниот молк во врска со кршењата на човековите права во нејзината земја.