Поранешниот играч на 49-ките од Сан Франциско, Колин Кеперник во август 2016 година клекна додека се изведуваше националната химна во знак на протест против неправедното убивање на афроамериканци од страна на полицијата. Поради неговата храброст, Кеперник ја изгуби работата, а Националната фудбалска лига на САД (НФЛ) додека се занимаваше со забранување на мирната активност, 378 афроамериканци ги имаа изгубено животите поради полициски убиства.
Минатиот авугст Хафпост извести дека според нивните информации, барем 223 црни американци биле убиени од полициско пукање по првото клекнување на Кеперник со цел да изрази протест против полициското насилство. Помалку од една година подоцна, тој број се зголеми за речиси 155 луѓе. Помеѓу 14 август 2016 – кога тој првпат изрази протест за време на националната химна – до сега, на речиси 253-ца од луѓето вклучени во датабазата на Пост не можело да им се препознае расата. Датабазата вклучува само смрт од пукање, така што луѓето како афроамериканецот Ерик Гарнер, кој не носел оружје кога полицаец фатално го задавил нема да влезе на листата.
Вкупно, 3357 луѓе биле фатално застрелани од полицијата во 2017 година. Овие вџашувачки бројки доаѓаат веднаш по објавувањето на кукавичката одлука на НФЛ да се забрани клечењето додека се пее химната. Лигата сега може да казни тимови кои учевствувале во протести, додека казната за индивудалниоте играчи е оставено да биде решена од тимот.
Во изјава за НФЛ, комисионерот Роџер Гудел рече дека „честите протести создале лажна свест за играчите на НФЛ лигата“, и ги обвини дека се непатриотски. Најверојатно не разбрал дека замолкнувањето на автентичен, мирен протест исто може да е протолкува како непатриотско.
Анкетите покажале дека погледите кон протестите во НФЛ се длабоко поларизирани, сепак повеќето америкаци кои биле дел од анкетата минатата есен велат дека играчите протестираат против полициска бруталност, а не против американското знаме. Кеперник ова го направи кристално јасно кога протестираше против расизмот, полициското насилство и нееднаквоста. Сепак претседателот Доналд Трамп ги нарече протестите „крајна непочит кон нашето наследство“ и „тотална непочит кон се’ кое сме и за кое се залагаме“. Трамп дури и предложи дека играчите кои протестираат треба да ја напуштат земјата. „Мора да стоите гордо додека се свири националната химна, или не треба воопшто да играте“, рече Трамп. „Не треба да сте тука. Можеби не треба ниту да сте во земјата.“
Трамп исто така изјави дека би сакал сопствениците на НФЛ да изјават нешто во стилот на „мавнете го копилето од теренот, отпуштен е“ , доколку нивниот играч протестира.
И покрај ова дотураање на огнот, Кеперник комуницираше со воените ветерани за да се осигура дека неговиот протест е со почит. На почетокот, поранешниот играч на 49-ките ќе ја отседеше химната, додека бившата Зелена Беретка – Нет Бојер не го натера да клечи.
Една личност убиена од полицијата откако Кеперник почна да протестира е 22-годишниот Стефон Кларк, кој бил изрешетан со 20 куршуми од страна на двајца полицајци, во неговиот сопствен двор во Сакраменто, Калифорнија. Бил наоружан само со мобилен телефон.
Смртта на Кларк предизвика низа протести низ градот. И зошто да не? Убиството беше гадно, а Кларк заслужуваше повеќе од тоа да стане уште една статистика. Но, на НФЛ лигата се чини дека не им е гајле за тоа.
Извор: huffingtonpost.com