СКОПЈЕ, 25.04.2018 – На над илјада вработени во Секјуриком Мултисервис им доцни платата за месец март. Тие на почетокот на април ја добиле платата за февруари, така што ваквата ситуација за вработените во оваа фирма станува се’ почеста. Според порталот Фокус, трудова инспекција веќе подготвува постапка поради кршење на работничките права по анонимна пријава.
Секјуриком е фирма која нуди одржување на државни објекти, односно врши услуги за чистење, обезбедување, тековно одржување и дактилографски услуги. Сопственик на оваа фирма е австриецот Волфганг Гампер, кој е осомничен за осомничен за местење незаконски тендери за чистење и одржување кој ги добивал во договор со екс-директорот на Службата за општи и заеднички работи на Владата (СОЗР), Васе Доневски. Моментално, Доневски е во притвор, а на Гампер му е одземен пасошот.
Од 2002 година, „Секјуриком“ ги чисти Владата и поголем дел од министерствата. Пред тоа, принципот беше дека работниците што се задолжени за хигиена во овие објекти се постојано вработени во институциите. Ваквата пракса на комерцијализација на услугите е типична пракса на неолибералниот капитализам под изговор дека ќе се подобри ефикасноста и намали буџетското трошење за плати, пензиско и здравствено осигурување.
Работниците кои чесно и напорно си ја заслужиле својата плата, чистејќи во просториите на министерства, без никаква вина сега се соочени со глад. Оваа судбина како да стана белег на работничката класа на Македонија која во процесот на неoлибиералното трансформирање остана само ресурс за експлотација со минимални права.