Според научна студија објавена во престижниот Нејтуре Комуникашон, летото 2016 измерено е рекордно топење во западниот Антарктик. Површината на којашто се случи ова 15 дневно топење е околу 777 000 квадратни километри, речиси 30 пати поголема од онаа на Македонија.
Топењето, според авторите на студијата, е предизвикано од силниот Елнињо ефект во Пацификот. Овој природен феномен се случува на секои 2 до 7 години и предизвикува осцилација во температурата во источниот Пацифик. Именo, пасатите (ветрови коишто дуваат над тропските океански површини) акумулираат топла вода кон западниот Пацифик. Топлите океански струи од западниот Пацифик навлегуваат во појасот од Калифорнија до Чиле предизвикувајќи дожд и невреме. Температурите во централниот и источниот Пацифик во година на Елнињо може да се зголемат до 2.78 целзиусови степени повеќе од нормалата и дури да предизвикаат тајфуни во западниот Пацифик, пожари во Индонезија и поплави во југоисточна Индија.
Научна студија објавена во Нејтуре од 2014 укажува на тоа дека екстремните Елнињо феномени ќе ја зголемуваат својата фрекфенција со глобалното затоплување предизвикано од ефектот на стаклена градина.
Прогласувањто на 2015 година од страна на Обединетите Нации за најтопла година од кога се мерат глобалните темпратури ги засилува стравувањата дека топењето во Антарктикот како и регистрираниот дожд во летото 2016 се само почеток на драматични климатски промени.
Глобалното затоплување и Македонија
Со глобалнот затоплување просечната температура во македонија до 2025 ќе се зголеми за 1 целзиусов степен, до 2050 за 1.9 а во 2100 за 3.8 степени. Според меѓувладиниот панел за климатски промени при Обединетите Нации глобалната просечна температура до 2100 би можела да се покачи до 6.4 степени.
Глобалните климатски промени ќе му донесат на Балканот и Македонија суша која негативно ќе се одрази на земјоделското производство. Истовремено, со почеста фреквенција ќе се случуваат поплави и пожари.
Како до намалување на ефектот на стаклена градина
Глобалните климатски промени се резултат на зголемено испуштање на јаглерод диоксид во атмосферата. Парискиот договор од 2016 со кој 194 држави се согласија да не дозволат зголемување на температурата повеќе од 2 целзиусови степени е ставен под знак прашање со повлекувањета на САД како потписник. Како причина за промената во политиката кон глобалните климатски промени се посочува спрегата помеѓу новата американска администрација и големите мултинационални компании. Новиот државен секретар на САД, Рекс Тилерсон, беше менаџер на Ексонмобил, една од компаниите коишто се противат на било какви рестрикции во експоатацијата на фосилни горива. Во Македонија пак, скандалите поврзани со РЕК Битола, како оној со бизнисменот Сеад Кочан, укажуваат на огромните заработки и проневери поврзани со експлоатацијата на јаглен. Учеството на поранешни функционери, па дури и поранешниот премиер Никола Груевски, во овие криминални активности се индикација дека претходниот владин состав наместо да го намалува користењето на фосилни гориви истите ги користела за лично богатење преку криминални активности. Доколку и понатаму продолжи спрегата помеѓу компаниите коишто заработуваат од фосилни горива и владините политики вистинските решенија за глобалните климатски промени ќе бидат далеку од досегот.