СКОПЈЕ, 21.09.2018 – Утре во Социјалниот центар „Дуња“ ќе се одржи целодневен настан со музички настапи, изложби на фотографии, проекции на видеа, а ќе има и оброк со порака „Храна, а не војни“. Настанот има антимилитаристички карактер, а го организира Движењето за социјална правда „Ленка“.
„Автентичната алтернативна сцена не прифаќа сојуз со империјалистички сили чив питбул е милитантната организација НАТО. Затоа, на 22 септември во организација на ДСП Ленка, непосредно пред референдумот кој има за цел единствено Македонија да ја потчини и направи соучесник во војните за профит, ќе се оддржи антимилитаристички настан во социјалниот центар „Дуња“ кој се наоѓа спроти Градежен Факултет позади постојката. Ќе има изложба на слики, проекции на филмови, оброк со порака(Food Not Bombs) и ќе настапуваат музички уметници кои се сè уште автентично антимилитаристи“, стои во повикот за настанот.
Меѓу музичките уметници кои ќе настапат се, Васко Атансоски, Пука Козметика, Melanie & the Boycoats, KONOP, Седи мирен, Swing Walkers, Dj Mogli и други.
Информации за целосната програма можете да добиете на овој линк. Социјалниот центар „Дуња“ се наоѓа спроти Градежниот факултет веднаш зад автобуската постојка. Настанот ќе се одржи утре (22 септември) а Социјалниот центар ќе биде отворен за сите од пладне па до вечер.