СКОПЈЕ, 20.11.2021 – Денеска, во 13.00 часот ќе се одржи протестен марш кој ќе започне пред Кривичниот суд во Скопје и ќе заврши пред Јавното Обвинителство во Скопје. Маршот е со цел да ја поздрави одлуката на Основниот суд за случајот со минатогодишната полициска бруталност кон неколкумина Роми од Битола, која значеше затворска казна од една година за полициска бруталност. Организаторите очекуваат Апелациониот суд да ја потврди оваа пресуда со цел таа да стане правосилна.
На објавата на настанот на фејсбук стои:
Ќе ја поздравиме одлуката на Основниот Кривичен суд за случајот Полициска бруталност-Битола и ќе се упатиме кон Јавното Обвинителство за да побараме да се процесира кривичната пријава во која сите 5 лица се јавуваат како жртви.Пресудата за прв пат одредува затворска казна од една година за полициска бруталност. Очекуваме Апелациониот суд да ја потврди пресудата и таа да стане правосилна!Маршот за ПРАВДА треба да не обедини сите! Време е Ромите да ја почувствуваат ПРАВДАТА!Поддршката значи НЕ за НАСИЛСТВОТО и ДА за ПРАВДАТА!