Минатата недела во средата работниците од фабрика на компанијата Обединета парцелна служба (UPS) ги напуштиле халите на производство. Откако неколку работници со мексиканско потекло беа протерани од работното место, останата група работници кои доаѓаат од Мексико им се придружиле и си заминале од компанијата во знак на протест, пренесува Jacobin.
На видео клипот којшто е објавен од работник во истата компанија, може јасно да се види протестниот начин на напуштање на фабриката од страна на работниците. На крај халата останува празна без ниту еден работник.
Видеото достигнало повеќе од милион прегледи на јутјуб. Раководството на фабриката побарала од авторот на клипот (Antoine Dangerfield) да го повлече клипот, за што би му платиле 250 долари за услугата. Dangerfield одбил да го повлече клипот, поради што на крај бил отпуштен од работа.
Jacobin, во продолжение направи интервју со отпуштениот работник Dangerfield. Според неговите зборови, надзорникот којшто ги отпуштил неколкумината мексиканци од работното место, имал расистички пристап постојано откако бил назначен на таа функција.
Мексиканците имале проблем со неговиот пристап и на координативната средба која била закажана во вторникот, тие одбиле да учествуваат. Отпуштен бил работникот којшто бил задолжен да преведува од англиски на шпански јазик и кој впрочем и одбил да го стори тоа.
Откако биле отпуштени неколкутемина мексиканци, останатата група им се придружила со зборовите: „Не. Ние имаме семејства и деца. Нема да дозволиме овие луѓе да прават што сакаат со нас.“