ЛОГИКА НА МАКЕДОНСКИТЕ НАРОДНИ МУДРОСТИ: ЕКВИВАЛЕНЦИЈА

„Гласник“ деновиве ќе објавува логички лекции во кои што ќе бидат доближани до публиката логичките функции преку нивната потсвесна употреба во македонските народни мудрости. Првиот дел од овој серијал ќе биде наменет за логиката на исказите.

По импликацијата следува и импликацијата во двете насоки, односно еквиваленцијата. Еквиваленцијата е логички сврзник кој што поврзува два елементарни искази, се означува со знакот „≡“ и сврзникот „ако и само ако“. Нејзината таблица на вистинитоста ја одредува нејзината вистинитост само тогаш кога и двата искази имаат иста вистинитосна вредност.

Во овој наш случај на изреката „Пари ако и само ако пари.“ ќе ги земеме следните два искази како елементарни. „Имаш пари.“ (p) „Имаш пари.“ (q), а со нивно спојување ќе се добие исказот „Имаш пари ако и само ако имаш пари.“ (p ≡ q). Таблицата е следната.

Имаш пари.

(p)

Имаш пари.

(q)

Имаш пари ако и само ако имаш пари.

(p ≡ q)

В В В
В Л Л
Л В Л
Л Л В

Од ова се заклучува дека народот не погрешил кога низ својата сопствена дијалектика (уште едно име за логиката според некои философи) кажал дека во овој економско-политички систем пари се прават само ако имаш пари, односно добра стартна позиција во општеството.

Прашања за размислување:

  1. Колку пари имаш?
  2. Колку пари е киријата?
  3. Колку пари е станот?
  4. Колку пари немаш?

Претпоследна лекција ќе биде за инкомпатибилноста.

|2021-07-05T08:55:15+00:005 јули 2021|Актуелно, Култура|