Лајм: Притвореник во Шутка ја запали ќелијата и се самозапали

СКОПЈЕ, 25.08.2017 – Еднo лице денес во затворот во Шутка, ја запалило ќелијата во којашто бил во притвор, а со тоа и си нанел тешки телесни повреди, изгореници на цело тело. Според весникот Лајм, станува збор за лицето Руфки Догани. Од надлежните институции МВР и Затворот во Шутка, за истиот весник го демантираат инцидентот.

Како што пишува весникот, една од причините е тоа што тој подолг период бил малтретиран од страна на полицијата. Исто така, неколку дена се жалел на здравствени проблеми и побарал од надлежните на затворот да му овозможат лекарска нега. Меѓутоа, надлежните не му го овозможиле тоа.

Засега нема официјални и детални информации за околностите како се случил овој настан, за тоа како запалливиот материјал дошол до рацете на притворен човек. Семејството на затвореникот бара итно расветлување на настанот.

Анонимни извори од затворот, за Гласник ја потврдија информацијата, дека едно лице ја запалило ќелијата, но не наведоа дека станува збор за Руфки Догани. Како што велат тие, станува збор за лице, кое во затворот го нарекувале „Будалата“.

Руфки Догани е член на групата од Диво Насеље, која е обвинета за тероризам.

|2017-08-25T14:08:09+00:0025 август 2017|Актуелно, Вести|