Денот кога Меккејн умре е ден кога ние останатите мора да покажеме солидарност со милионите луѓе кои ги живеат последиците од хоророт на неговите одлуки во сенатот. Вистината е побитна од мртвиот, а вистината е дека Меккејн беше воен злосторник и гнасен геноциден манијак. Соопштување на вистините за јавни личности коишто самошто починале е задоволена правда, за која нема потреба да се води дебата. Кажувањето на вистината не е морално релавитизирање, напротив, тоа е испливување на перверзната вистина од актите на морален хипокрит како Меккејн.
Меккејн е туморот на оваа цивилизација.
Фактите говорат дека Меккејн бомбардирал цивили во Виетнам. 5 години бил воен затвореник на Виетконг. Цел живот гаи омраза кон Русија и Русите. Русофоб, затоа што, советски ракети му го срушиле авионот, по што бил заробен. Во Виетнам, Американците фрлаа напалм врз недолжни луѓе. Во Виетнам, Американците фрлаа пестициди како „Agent Orange“ врз џунглите. Меккејн се врати дома од Виетнам како херој за да почне политичка кариера. Се бореше против универзалната здравствена заштита, а ја поддржуваше секоја војна и вооружен конфликт во коишто беше вклучена Америка од Виетнам наваму.
Меккејн гласаше во сенатот за инвазија на сите земји од Блискиот Исток. Да ги наброиме, за да не дојде до забуна: Сирија, Ирак, Либија и Иран.
Отворено се залага за инвазија на Мали, Афганистан, Босна, Koсово, Судан, Нигерија, Никарагва, Камбоџа и Северна Кореја.
Во неколку наврати зборува и за инвазија на Русија и Кина.
Познат по изјавата: ‘Bomb bomb bomb bomb bomb Iran’. Се чини неговиот влажен сон за убивање Иранци нема никогаш да се оствари.
Меккејн се сликаше со ИСИС, исто како и со нашиот Влатко Ѓорчев. ИСИС се покажа дека се финансирани од Саудијска Арабија, парамилитарната организирана банда убијци составена од Вахабисалафисти, а не од шиитски муслимани. Шиитите се бореа против ИСИС.
Меккејн е најзаслужен за промоција на Сара Пејлин. Се спушти на нивото на Сара Пејлин. Сара Пејлин му беше заменик претседателка во трката за кандидат за претседател на Америка. Се чини дека барем тука Трамп има подобар вкус.
Трамп нема да присуствува на неговиот погреб затоа што од првиот до последниот ден на Трамп во политиката беа политички непријатели со Меккејн.
Меккејн има третман на глорифициран републиканец, иако републиканците секогаш биле гадни во одлуките за рушење на легитимно избрани леви влади во Латинска Америка долго време пред Трамп. Сите десничарски хунти во Латинска Америка се директно поддржани од Америка.
Секогаш гласал за огромни кратења на даноци за богатите, што во перспектива ги осиромашувало сите Американци.
Наредните недели ќе бидат мошне непријатни за медиумската регенерација на вести кои ќе се обидуваат да ја беатифицираат улогата на мултимилионерот белец, чиишто предрасуди за ЛГБТ групите, Мексиканците, Афроамериканците и останати маргинални левичарски групи, ќе бидат замачкани во медиумите за да се произведе добра слика за еден обичен расист, хомофоб, сексист, воен манијак и воен злосторник.
Пред да се излади телото на Меккејн и да се положи во земја, мора да напишеме дека беше голем поддржувач на проширувањето на НАТО.
Се залагаше за вклучување на Македонија во НАТО уште пред 2008 година. Го почитува правото на Македонија за самоопределување.
Ако сакаме можеме во Македонија да креираме слика за Меккејн како американски политичар којшто ја почитувал страната којашто Македонија ја одбра во деведесетите како политичка согласност со декларација на тогашните парламентарни политички партии за пристапување кон НАТО од 1993 како стратешки правец и движење на државата. Се согласуваме и дека од 1993 до денес поминаа 25 години, а свеста за тоа што е НАТО во Македонија и кај македонскиот народ е далеку пореална од идиличната иднина којашто ја проектираа властите во деведесетите.
Анкетите за поддршка на Македонците за НАТО се фабрикувани и се надеваме дека нема да го разочараме при светската промоција на големото платно на 30 септември 2018 со проекцијата којашто живиот Меккејн ја имал за македонскиот народ.