Кина ќе постави краен рок за продажбата на возила на фосилни горива со цел да поттикне производство и продажба на електрични автомобили.
Заменик министерот на Министерството за индустрија и информатички технологии на Народна Република Кина, Шин Губин неодамна изјави дека владата работи на стратегија за ефективно окончување на продажбата и производството на возила на фосилни горива. Ова се прави со цел да се поттикне иновативноста за производство, како и увоз исклучително на електрични возила.
Ако оваа најава се преточи во конкретна политика, тогаш тоа ќе има длабок импакт врз глобалната економија за придвижување кон „чисти технологии.“ Тоа, пак, ќе значи и длабоко подобрување на животната средина. Кина е втората економија во светот, а кинескиот пазар на патнички возила е 30% од глобалниот пазар на патнички возила. Долгогодишниот значителен раст на кинеската економија, подемот на кинеската средна класа ќе значи и рапиден раст на побарувачката од патнички автомобили.
Ова е уште еден од импресивните чекори што се случуваат во последните пар години поврзани со обновливите технологии. Загадувањето од возилата на фосилни горива е значително. Примерот со Боливија јасно покажува дека квалитетот на воздухот се подобрува за дури 70% од само еден ден без автомобили на фосилни горива.
Повеќе европски земји неодамна поставија временски рамки за забрана производство и продажба на возила на фосилни горива:
- Минатата година холандскиот парламент гласаше за забрана на производство и продажба на возила на фосилни горива до 2025 година;
- Во јуни Индија објави дека ќе ја забрани купо-продажбата на возила со фосилни горива до 2030 година;
- Во јуни исто така Норвешка презема ваков чекор. Моментално Норвешка е лидер во оваа област: дури 40% од сите ново-регистрирани возила во 2017 година се на електричен, хибриден или водороден погон;
- Во јули Франција објави дека ќе ги забрани возилата на фосилни горива до 2040 година;
- Во јули Франција објави дека ќе ги забрани возилата на фосилни горива до 2040 година;
- Во август германската канцеларка Меркел најави сличен чекор;
- Овој месец Шкотска најави дека ќе ги забрани возилата на фосилни горива до 2042 година
Иако овие објави предизвикаа возбуда, сепак тоа се само првични чекори. Сè уште нема детални планови и меѓународни договори. Самиот пазар не може да направи толку суштинска трансформација. За тоа сепак ќе бидат неопходни меѓународни и значителни интервенции на владите, како и значителна помош за изнаоѓање на научни решенија за технолошките проблеми.