Капиталистичката слобода на антиваксерите

 

Левичарот и активист професор доктор Савески Здравко на својот фејсбук профил ја напиша следната објава, па доследно ја споделува на „Гласник“:
Кога од авион се гледа дека огромен дел од населението е заглавено во капиталистичкиот вредносен систем, џабе е секакво апелирање на општото добро околу вакцинацијата. И разбирливо е што такви луѓе имаат сосема капиталистичко сфаќање и за слободата, демек слободата била да правиш што сакаш (?!). На луѓето заглавени во капиталистички вредносен систем треба да им се лупне капиталистичката логика:
1) Направете го вакцинирањето бесплатно само уште во следните 30 дена. После да се плаќа, по пазарна цена.
2) Ако невакцинирани луѓе се заразат од ковид, тогаш за нив лекувањето да биде по пазарна цена, со полна вредност на цената за сите фактори на чинење на услугата.
Ќе се мољакаме, ќе забрануваме, ќе апелираме. Не бре! Дајте им да го почувствуваат нивниот толку сакан капитализам и на ова поле. Дајте им ја капиталистичката слобода што толку ја сакаат!

 

|2021-11-22T16:30:37+00:0022 ноември 2021|Актуелно, Здравје, Став|