Хуманитарна катастрофа во Мјанмар

Речиси 90.000 багалци од провинцијата Рохинџа, Мјанмар пребегнаа во Бангладеш. Насилствата во Мјанмар ескалираа во август. Со тоа беа значително притиснати ограничените ресурси на хуманитарните организациикои, кои веќе се ангажирани за помагање на стотиците илјади бегалци од претходните насилства во Мјанмар.

Крвопролевањето во северозападната сојузна држава Рохинџа во Мјанмар започна со нападот од страна на бунтовниците на 25. август врз десетици полициски станици и воена база. Војската одговори на нападот со масивна воена кампања  во која загинаа најмалку 400 лица.

Официјалните претставници на Мјанмар ги обвинија милитантите од Рохинџа за палење на домови и цивилни жртви, но бегалците од Рохинџа во Бангладеш, како и набљудувачи за човекови права велат дека армијата на Мјанмар стои зад убиствата и палежите.

Државниот советник на Мјанмар (еквивалент на премиер), нобеловката Аунг Сан Су Кји, се наоѓа под значителен меѓународен притисок и критика заради третманот на 1,1 милионското муслиманско малцинство од страна на будистичкото мнозинство.

Властите во Мјанмар тврдат дека нејзините безбедносни сили спроведуваат легитимната кампања против „терористите“ одговорни за низа напади врз полициски и армиски позиции од октомври минатата година.

До сега бројот на бегалци што ја преминале границата кон соседен Бангладеш достигна до 87.000. Според последните проценки на Обединетите нации, вкупниот број на бегалци изнесува околу 150.000.

|2017-09-04T12:33:06+00:004 септември 2017|Актуелно, Вести, Свет|